(Видео) Судија се повреди на НБА натпревар, го напушти теренот во инвалидска количка

Необичен настан го обележа натпреварот во НБА лигата, меѓу Орландо и Филаделфија. Искусниот судија Бил Кенеди се повреди и го напушти натпреварот во инвалидска количка. Несреќата се случи кон крајот на првата четвртина, кога 59-годишниот судија следеше брз контранапад на Севентисксерс. Во еден момент почна да куца, а потоа се повлече зад кошот на домашниот тим, каде што седна и …

Continue Reading

(Видео) Јанис доминираше против Лејкерси, домашен дебакл на Денвер, Оклахома надополни негатива од 21 поен

Јанис Адетокумбо ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, во која треба да се истакнат дебаклот на Денвер на домашен терен и пресвртот на Оклахома против Мемфис. Милвоки Бакс во Лос Анџелес ги победија Лејкерси со 105:101. Јанис Адетокумбо му овозможи на својот тим да победи откако во 39 секунди имаше неколку клучни реакции. Гркот на 39 секунди до крајот, …

Continue Reading

Јанис нема намера да си оди од Милвоки

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, одлучи да стави крај на сите гласини за неговата иднина и јасно стави до знаење дека нема намера да побара трејд – ниту оваа ниту која било друга сезона. Грчкиот ас истакна дека таков потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти …

Continue Reading

Едвардс во друштво на Леброн и Дурант

Ентони Едвардс стана третиот најмлад кошаркар кој достигнал 10.000 поени. Тој стигна до оваа бројка на само 24 години и 156 дена, на вечната листа пред него се само Леброн Џејмс и Кевин Дурант. На оваа листа се и Коби Брајант, Лука Дончиќ, Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони, сите ја надминаа бројката од 10.000 поени пред да наполнат 25 години. …

Continue Reading

Атланта Хокс го испратија Јанг во Вашингтон

Атланта Хокс го разменија најдобриот играч на тимот и долгогодишен лидер Треј Јанг (27) во Вашингтон за Си Џеј Мекалум и Кори Кисперт. Јанг, кој беше драфтуван од Далас во 2018 година и испратен во Атланта истиот ден во замена за Лука Дончиќ, ја напушта франшизата на Џорџија по седум и пол сезони. Идејата на спортскиот менаџмент на Хокс, која …

Continue Reading

(Видео) Дончиќ и Леброн, ја поништија маестралната партија на Марфи

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њу Орлеанс со 111:103, во еден од шестте натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА лигата. Лејкерс ја добија последната четвртина со резултат 32:17, кога го решија прашањето околу кончениот победник, откако Пеликанс во најголемиот дел од натпреварот водеа со 11 поени. Лука Дончиќ, го реши натпреварот, погоди неверојатна тројка за 105:96 и со тоа ги …

Continue Reading

(Видео) „Б“ тимот на Денвер победи во Филаделфија, Шарлот ја декласира Оклахома

Победата на Денвер, по продолженијата, во Филаделфија и дебаклот на Оклахома, на домашен терен од Шарлот ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер, со резервниот тим направи чудо во Филаделфија. Успеа да слави со 125:124, откако во регуларниот дел мечот заврши 120:120. Денвер на овој меч настапи без седум кошаркари. Покрај најдобриот Никола Јокиќ, тренерот Аделман не можеше да …

Continue Reading

Џекири од ЦСКА во Партизан

Тоње Џекири е нов кошаркар на Партизан, потврди клубот на социјалните мрежи. Спортскиот сектор на црно-белите брзо реагираше на заминувањето на Тајрик Џонс во Олимпијакос. Негова замена ќе биде 31-годишен Нигериец, кој го носеше дресот на ЦСКА Москва од 2023 година. Пред епизодата во Русија, тој играше за Асвел, Басконија, Уникс и Фенербахче во Евролигата. Одигра 106 натпревари во Евролигата, …

Continue Reading

Димитријевиќ се враќа во Евролигата?

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ би можел наскоро да се врати во Евролигата. Руските медиуми пишуваат дека, кошаркарот на Зенит има понуда повторно да игра во елитното европско натпреварување по добрите игри во дресот на клубот од Санкт Петербург. Оваа сезона, тој бележи 12 поени, 5,7 асистенции и 3 скока по натпревар во ВТБ лигата. Минатата сезона настапуваше во Олимпија од …

Continue Reading