Евролигата воведе плеј-ин по примерот на НБА
-
деск
-
June 29, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Кошаркарската Евролига денеска ја објави конечната листа учесници во најквалитетното клупско натпреварување за новата сезона во која воведе и нов формат. Во Евролигата во сезоната 2023/24 ќе настапуваат Партизан, Црвена ѕвезда, Алба, Ефес, Монако, Басконија, Милано, Баерн Минхен, Барселона, Фенербахче, Асвел, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис. Воведен е и плеј-ин, како во НБА лигата. Евролигата прецизираше …
Continue Reading
Партизан го задржа Пантер
-
деск
-
June 29, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Капитенот на кошаркарите на Партизан го продолжи договорот за уште две години, соопшти денеска белградскиот клуб. Пантер со тоа стави точка на шпекулациите кои циркулираа изминатите денови во европските медиуми дека американскиот кошаркар ќе ги напушти редовите на „црно – белите“ и ќе ја продолжи кариерата во Барселона. Пантер сезонава го предводеше Партизан до седмата титула во регионалната АБА лига, …
Continue Reading
У18: Македонските кошаркари подобри од Црна Гора
-
Деск
-
June 29, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години го забележа првиот триумф на Меѓународниот турнир „Боби Петковски“, совладувајќи ја во второто коло селекцијата на Црна Гора со 70-67. Во неизвесен натпревар во вторникот вечер во салата „26 Април“ во Гевгелија, македонските кошаркари имаа минимална предност на полувремето (34-33), а и покрај осцилациите во играта во вториот дел на крајот успеаја да …
Continue Reading
У18: Македонските кошаркари поразени од Грција
-
Деск
-
June 28, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години загуби од Грција со 66-93 во воведното коло од Меѓународниот турнир „Боби Петковски“ што во вторникот вечер почна во Гевгелија. Македонските јуниори одржуваа резултатска неизвесност до последната четвртина која Грците ја отворија со серија од 8-0 и стекнаа недостижна предност од 67-51 до крајот на натпреварот. Капитенот Шошкиќ со 21 поени беше најефикасен …
Continue Reading
Американецот Пантер од Партизан во Барселона
-
деск
-
June 27, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Капитенот на српскиот кошаркарски тим Партизан, Кевин Пантер, ќе потпише двегодишен договор со Барселона, пренесуваат денеска белградските медиуми. Според истите извори, американскиот кошаркар за двегодишниот договор ќе инкасира шест милиони евра. Пантер сезонава го предводеше белградски партизан до седмата титула во регионалната АБА лига, прва по една деценија, и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалната серија против градскиот …
Continue Reading
Белгиските кошаркарки го освоија европското злато
-
Деск
-
June 26, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Белгија го освои златниот медал на Европското првенство за кошаркарки, совладувајќи ја синоќа во финалето во Љубљана репрезентацијата на Шпанија со 64-58 (13-17, 12-15, 18-16, 21-10). За Белгијките ова е прв европски златен медал во историјата, додека Шпанија во своето шесто финале по втор пат го освои сребрениот медал. Во натпреварот за бронзениот медал, Франција беше поуспешна од Унгарија со …
Continue Reading
Белгија против Шпанија во финалето на ЕП за кошаркарки
-
новинар
-
June 25, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
– Белгија и Шпанија триумфираа во полуфиналните пресметки и ќе играат во денешното финале на Европското првенство за кошаркарки во Љубљана. Белгиската репрезентација обезбеди пласман во финалето совладувајќи ја синоќа во неизвесен натпревар Франција со 67-63, откако претходно во четвртфиналето со совлада и бранителот на титулата Србија. Противник на Белгијките во дуелот за златниот медал ќе биде Шпанија, која во …
Continue Reading
Францускиот феномен Вембанјама очекувано прв избор на НБА драфтот
-
Деск
-
June 23, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Сан Антонио очекувано на овогодишниот НБА драфт одржан изминатата ноќ во Њујорк како прва опција го избраа 19-годишното француско кошаркарско чудо Виктор Вембанјама, кој во најдобрата лига на светот доаѓа откако на големо изненадување ја однесе екипата на Булоњ до финалето во францускиот шампионат. Висок 223 сантиметри, Вембанјама поседува одлична кошаркарска техника поради што може подеднакво квалитетно да игра во …
Continue Reading
Комплетирани полуфиналните двојки на ЕП за кошаркарки
-
Деск
-
June 23, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
Шпанија – Унгарија и Белгија – Франција се полуфиналните двојки на Европското првенство (ЕП) за кошаркарки чија завршница се игра во љубљанската Арена Стожице. Последниот патник во полуфиналето е репрезентацијата на Шпанија која синоќа убедливо ја совлада Германија со 67-42.За Шпанките ова е десетто полуфинале на последните 12. изданија на ЕП. Во првото четвртфинале, воедно и најдраматично, Унгарија триумфираше над …
Continue Reading