Динамо преку Балкани избор место во нокаут фазата

Динамо Загреб успеа да го освои второто место во Ц групата, во Конференциската лига. „Модрите“, го добија директниот дуел за второот место со Балкани. На Максимир резултатот беше 3:0. Динамо отпорот на гостите од Косово успеа да го скрши во 69.минута, кога првиот гол го постигна Периќ. По тој гол се беше полесно за хрватскиот шампион. Најдобриот играч Бруно Петковиќ …

Continue Reading

Шарас го презеде Фенербахче

Кошаркарскиот клуб Фенербахче има нов тренер. Клубот од Истанбул експресно реагираше и на функцијата нов тренер го назначи Литванецот Шарунас Јасикевичиус. На кормилото на тимот ќе го наследи Гркот Димитрис Итудис со кого Фенербахче вчера ја прекината соработката. Според договорот, Јасикевичиус ќе го предводи Фенербахче до крајот на сезоната 2025/26. Во богатата играчка кариера, Јасикевичиус, кој е роден на 5 …

Continue Reading

(Видео) Грин суспендиран на неодредено време

Играчот на Голден стејт Вориорс, Дрејмонд Грин е суспендиран на неодредено време од челниците на НБА. Центарот на тимот од Сан Франциско ноќта меѓу вторникот и средата намерно во лицето го удри Јусуф Нуркиќ, центарот на Феникс и за тоа автоматски беше исклучен. Од почетокот на сезоната Грин три пати е исклучен. Неодамна имаше сличен инцидент кога го фати Руди …

Continue Reading

(Видео) Јанис постигна 64 поени, сам ја победи Индијана

Јанис Адетокумбо ја одбележа изминатата ноќ во НБА. Гркот постигна 64 поени во победата на Милвоки над Индијана со 140:126. Интересно Јанис изведе 32 слободни фрлања, погоди 24. Целиот тим на Индијана исто толку пати беше на линијата за слободни и постигна 25 поени. Ова е личен рекорд за Јанис, а воедно и рекорд на франшиза, кој до вчера го …

Continue Reading

Ѓорѓевиќ ќе биде новиот селектор на Италија

Легендата на српската кошарка Александар Ѓорѓевиќ ќе стане нов селектор на италијанската репрезентација. Ова го дознава Спорт клуб, кој пренесува дека Ѓорѓевиќ се уште официјално не се разделил со Кина, со која ги загуби сите три натпревари на Светското првенство летово во групата во која беа Србија, Порторико и Јужен Судан. Ѓорѓевиќ потенцијално би го заменил Џанмарко Поцеко на клупата …

Continue Reading

(Видео) Дивјакот Грин го нокаутираше Нуркиќ

Феникс Санс забележаа победа во дербито на Западот, против Голден стејт Ворирос 119:116. Мечот го реши Девин Букер од линијата за слободни фрлања на 10 секунди до крајот. По натпреварот, најмногу се зборува за новиот дивјачки потег на Дрејмонд Грин. Крилниот кошаркар на Ворирос беше исклучен во третата четвртина откако по лицето го удри Јусуф Нуркиќ. Додека тие се бореа …

Continue Reading

(Видео) Денвер го преживеа рафалот на Богдановиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Атланта Хокс со 129:122. Натпреварот го обележа Богдан Богдановиќ, кој стана вториот играч во историјата на НБА, која како резерва успеал да постигне 10 тројки. Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во НБА кариерата со 40 поени, три скока, три асистенции. Тој постигна 10 тројки (14-24 од поле) и серизно ја истакнува кандидатурата за најдобра …

Continue Reading

(Фото) Миротиќ не играше, а брутално беше навредуван од навивачите на Партизан

Никола Миротиќ (32) е Србин од Црна Гора со шпанско државјанство и најскапиот кошаркар во Европа, кој минатата сезона во Барселона заработи пет милиони евра и зад себе има извонредна НБА кариера. Миротиќ летото требаше да дојде во Црвена звезда, доби понуда од 2,7 милиони евра по сезона. Тогаш на сцена стапи Партизан, со понуда од 3,5 милиони евра по …

Continue Reading

(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер, Дончиќ за полувреме ја растури Јута

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ забележаа по трипл-дабл изминатата ноќ во НБА лигата, која ја обележа Зоел Ембид со 50 постигнати поени. Лука Дончиќ ги предводеше Далас Маверикс до 12-та победа во сезоната. Мавс ја декласираа 147:97, а Дончиќ постигна 40 поени, 11 асистенции и 10 скока, а на теренот мина 32 минути. Интересно Дончиќ во првиот дел дојде до …

Continue Reading