Кошаркарите на Грција ја елиминираа Хрватска
Кошаркарите на Грција во финалето од квалификациите за Олимписките игри ја совладаа селекцијата на Хрватска со 80:69 и изборија учество на турнирот во Париз. Грците ја оправдаа улогата на фаворити на квалификацискиот турнир во Пиреја и по пауза од 2008 година, од последниот настап на Олимписките игри во Пекинг, повторно ќе бидат дел од Игрите, овојпат во Париз. Хрватска вторпат …
Continue Reading
Кошаркарите на Бразил го потврдија пласманот на Олимписките игри
Кошаркарите на Бразил ја совладаа Летонија со 94:69 во финалето од квалификациите за Олимписките игри. Со овој триумф избраниците на Александар Петровиќ обезбедија учество на турнирот во Париз. Бразил на Олимпијадата ќе биде во групата Б со Франција, Германија и Јапонија. Бруно Кабокло го предводеше бразилскиот тим до победата со 21 поен и четири скока, Лео Мејндл имаше поен помалку …
Continue Reading
Басконија го претстави Ласо: Ние сме земја на кошарката
Басконија со интересно видео го претстави својот нов тренер Пабло Ласо. Шпанскиот кошаркарски тренер Пабло Ласо е назначен за нов тренер на Басконија само неколку часа откако Баерн Минхен неочекувано објави дека Ласо го напушта клубот од семејни причини. Ласо и Басконија договорија тригодишна соработка. Басконија му посвети видео и на интересен начин го претстави на јавноста: „Ние сме земја …
Continue Reading
Ејтон за „натпреварот на животот“ против Шпанците: „Поважен од финалето во НБА“
Бахамскиот кошаркар Диандре Ејтон и неговите соиграчи имаат историска можност да се пласираат на Олимписките игри во Париз. За таа цел потребна им е само уште една победа, во финалето на турнирот во Валенсија против домаќинот Шпанија, што секако ќе биде најтешкиот можен предизвик за островската репрезентација. Во полуфиналето Бахамите го совладаа Либан со 89:72, а Шпанците многу потешко ја …
Continue Reading
Грција убедлива против Словенија
Кошаркарите на Грција ја совладаа Словенија со резултат 96:68 во полуфиналето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Пиреја. Веќе по воведните две и пол минути и серијата 9:0 со која Грција го отвори натпреварот, беше јасно дека Словенија тешко ќе стигне до финалето. Словенците кратко се мачеа во првиот дел, но избраниците на Димитрис Итудис имаа 18 поени разлика …
Continue Reading
Се подготвува трансфер бомба: поранешната НБА ѕвезда доаѓа во Европа по 17 години минати во Америка
Според информациите на „СДНА“, 37-годишната поранешна НБА ѕвезда Руди Геј најверојатно ќе стане жител на западните предградија на Атина. Овој искусен кошаркар, кој не се натпреваруваше минатата година, би можел да се врати на терените играјќи за Пестери. Клубот бара засилување по заминувањето на Василис Спанулис, а новиот тренер Јоргос Лимнијатис секојдневно работи на градење на тимот за следната сезона. …
Continue Reading
Кошаркарите на Словенија се изборија за полуфинале од квалификациите за ОИ
Словенија се пласираше во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри На Словенија и требаше победа од 10 или повеќе бодови за пласман во полуфиналето и 29 бода разлика за првото место, бидејќи беа убедливо поразени од Хрватска со 92:108. Во последниот напад Лука Дончиќ промаши шут за три поени со кој Словенија ќе и донесеше прво место во групата и …
Continue Reading
Грузија елиминирана од Филипини
Кошаркарите на Филипини ја елиминираа Грузија на селекторот Александар Џикиќ од трката за Олимписките игри. Иако Грузија победи со 96-94 во натпреварот од третото коло од квалификациите за групата Б1. На Грузија и требаше победа од најмалку 19 бода за да се пласира во полуфиналето на квалификацискиот турнир во Рига. Во средината на вториот дел избраниците на Џикиќ имаа …
Continue Reading
Почеток на подготовките на кадетската репрезентација во кошарка
Од вчера, „во погон“ е ставена и машка кадетска селекција во кошарка. Со првиот собир во СРЦ „Кале“, нашиот национален тим „под 16“ години ги започна подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 8. до 17.август ќе се одржи во главниот град. Селекторот Александар Јованчев и неговиот стручен тим се одлучија за еден поширок список на …
Continue Reading