Обрадовиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда
Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Црвена звезда. Како што објави „Меридијан спорт“, тимот ќе го води Милан Томиќ до крајот на сезоната, на Фајналфор турнирот на КЛС во Ниш (29-31 мај). Како што се додава, по разговорите меѓу клубот и тренерот, донесена е одлука двете страни да се разделат и да се стави крај на епизодата …
Continue Reading
(Видео) Оклахома го врати брејкот, води 2:1 против Сан Антонио
Кошаркарите на Оклахома славеа на гостински терен против Сан Антонио (123:108) и сега водат со 2-1 во финалната серија од Западната конференција. Спарс го започнаа натпреварот со урагански, со серија од 15:0, но актуелниот шампион направи пресврт на почетокот на втората четвртина и ја задржа таа предност до полувремето. Во текот на третата четвртина, водството на Тандер стана двоцифрено, а …
Continue Reading
(Видео) Ланс прв пат во историјата го освои Купот на Франција
Фудбалерите на Ланс го освоија Купот на Франција откако го победија тимот на Ница во финалето во Париз. Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“, во Сен Дени заврши со резултат 3:1. Ланс прв пат во историјата го освои во националниот куп, претходно три пати губеа во финалниот меч (1948, 1975 и 1998). Головите ги постигнаа Флоријан Тован во 25-та, Одсон …
Continue Reading
Реал стави крај на бајката на Валенсија, ќе се бори за трофејот во Евролигата
Реал Мадрид 22-ри пат во историјата ќе се бори за титулата европски првак. „Краслскиот клуб“ досега освои 11 трофеи. Во второто полуфинале на Завршниот турнир во Атина, Реал ја победи Валенсија со 105:90. Серхио Скариоло, тренерот на Реал, прв пат во кариерата ќе игра финале во Евролигата, и со тоа ќе има можност за прв пат да го освои овој …
Continue Reading
Олимпијакос го декласира Фенербахче, во недела ќе се бори за трофејот во Евролигата
Олимпијакос му одржа лекција на Фенербахче во преполната арена ОАКА и стана првиот финалист во Евролигата. Во ниту еден момент не изгледаше дека бранителот на титулата може да им се закани на црвено-белите, кои убедливо славеа so 79:61 (18:12, 15:12, 23:17, 23:20). Нестварно звучи податокот дека 16 и пол минути, Фенер не постигна кош на почетокот од првите три четвртини, …
Continue Reading
Јокиќ игра за Србија во јули и август
Никола Јокиќ ќе игра за Србија во јули и август, во квалификациите за пласман на Светското првенство, потврди за „Моцартспорт“, селекторот, Душан Алимпијевиќ. Србија прво ќе има дуели со Швајцарија (2 јули) и Босна и Херцеговина (5 јули), во квалификациите за Светското првенство, а како што стојат работите, Алимпијевиќ ќе може да смета на Никола Јокиќ. „Ништо не беше спорно …
Continue Reading
Олимпијакос, Валенсија, Реал ја сакаат титулата на Фенербахче
Од петок до недела, во ОАКА арена, во Атина, ќе се одигра завршниот турнир во Евролигата. Овогодинешниот турнир носи историска промена – за прв пат во модерната ера, нема да има натпревар за трето место на Фајналфорот, па целиот фокус ќе биде насочен исклучиво кон полуфиналните битки и големото финале. Бранителот на титулата Фенербахче и грчкиот гигант Олимпијакос ќе го …
Continue Reading
(Видео) Њујорк го декласира Кливленд за 2:0 во финалната серија
Њујорк Никс ги победија Кливленд Кавалирс со 109:93 во вториот натпревар од Источното финале. Во првиот натпревар имаше многу драма, а Џејлен Брансон беше херој по продолжението, во вториот Никс лесно ги победија Кавалирс со двоцифрена разлика. Момците од Охајо се држеа во првиот дел, Никс водеа со 53:49 на полувремето. На почетокот на третата четвртина, тие го израмнија резултатот …
Continue Reading
Флаг ја предводи најдобрата „руки“ петорка
НБА ги објави имињата на копаркарите кои ја формираа најдобрата петорка на дебитанти за сезоната 2025/26. Купер Флег од Далас, Кон Кнепел од Шарлот, Ви-Џеј Еџкомб од Филаделфија, Дилан Харпер од Сан Антонио и Седрик Кауард од Мемфис се избрани во тимот на дебитанти. Флег претходно беше прогласен за најдобар „руки“ во НБА пред Кнепел. Двајцата и Еџкомб добија максимален …
Continue Reading