Фенербахче го потврди трансферот на Аке
Холандскиот дефанзивец Натан Аке го напушти Манчестер Сити само неколку дена откако беше елиминиран од Светското првенство. Донекаде изненадувачка дестинација за триесет и едногодишниот лев бек, кој исто така игра задоволително како стопер, но сега е познато дека ова е повеќемесечна операција од страна на раководството на турскиот гигант. Натан Аке е новиот играч на Фенербахче, официјализирано е денес попладне. …
Continue Reading
Една година без Жота – Ливерпул не го заборава
Фудбалскиот клуб Ливерпул им оддаде почит на поранешниот напаѓач Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои трагично ги загубија животите пред точно една година. Во емотивна порака објавена на социјалните мрежи, англискиот великан нагласи дека нивното сеќавање не бледнее и дека нивниот белег и наследство остануваат длабоко вткаени, не само во светот на фудбалот, туку и во срцата на …
Continue Reading
(Видео) Линекер: Жал ми е за Хрватите! Ова е сурово и тешко за гледање
Никој не остана рамнодушен на она што се случи во драматичниот финиш од натпреварот Португалија – Хрватска, кога израмнувачкиот гол на Гвардиол, во 103-та минута, беше поништен на контроверзен начин. Славниот англиски фудбалер, сега аналитичар Гари Линекер, не штедеше зборови во својата емисија „Останатото е фудбал“, која ја води заедно со Џо Кол, Алан Ширер и Мика Ричардс. „Многу ми …
Continue Reading
Ѓоковиќ преживеа неочекувана драма и се изедначи со Федерер
Новак Ѓоковиќ го надмина очајниот трет сет, го надигра Артур Риндеркнеш во првата меѓусебна средба и се пласираше во осминафиналето на Вимблдон по 18-ти пат . Србинот ппобеди со 7:5, 6:4, 1:6, 7:6 (7:4). Во исто време, со 105 победи, се израмни со Роџер Федерер на врвот на вечната листа на овој Гренд слем. Српскиот тенисер рано стигна до брејк, …
Continue Reading
Макс Алегри го презеде Наполи
Масимилијано Алегри официјално е назначен за нов тренер на Наполи, откако спогодбено се раздели со Милан, со што беа отстранети последните пречки за неговото доаѓање на клупата на актуелниот вицешампион на Италија. Наполи објави дека потпиша договор со 58-годишниот стручњак до 30 јуни 2029 година. Алегри го наследи Антонио Конте на клупата на Наполи, кој го напушти клубот по две …
Continue Reading
Далиќ: Дојде крајот на една прекрасна ера
Хрватската репрезентација беше елиминирана од Светското првенство со пораз од 1:2 од Португалија. Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53-та минута. Португалија израмни во 68-та минута со голот на Кристијано Роналдо од пенал, а пресвртот го направи со голот на Гонсало Рамош во 94-та минута. Три гола и беа поништени на Хрватска поради офсајд, како и еден на …
Continue Reading
Реал Мадрид: Не го сакаме Енцо Фернандес
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид го негираше интересот за капитенот на Челзи, Енцо Фернандез. Во официјално соопштение клубот објави дека нема намера да испрати понуда до Челзи. Во клупското соопштение, Реал го пофали аргентинскиот репрезентативец, но и потенцира дека тој не е во нивните планови. Official Announcement. — Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 3, 2026 „Во светлината на извештаите и …
Continue Reading
Нагелсман доби отказ
Јулијан Нагелсман (38) повеќе не е селекторот на Германија. Младиот тренер доби отказ по неуспехот на Светското првенство. Нагелсман ја доби работата во летото 2023 година за да ја прекине низата дебакли на Германија или во најдобар случај неуспеси на големите натпреварувања, но тој само делумно успеа на Европското првенство пред две години. Тогаш, во четвртфиналето, беше елиминиран од Шпанија, …
Continue Reading
(Видео) ФИФА: Голот на Хрватска исправно е поништен
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објасни зошто голот на Хрватска против Португалија беше поништен. Јошко Гвардиол го совлада Кошта во 13-та минута од судиското продолжение, <a href=”http://“>но технологијата го спречи израмнувањето. Асистентот Марио Пашалиќ беше во офсајд, затоа што неговиот соиграч Игор Матановиќ имаше минимален контакт со главата пред тоа. „Според податоците обезбедени од технологијата „Connected Ball“ што се наоѓа во …
Continue Reading