Пукна љубовта меѓу Бензема и Ал-Хилал
Односите меѓу Карим Бензема (38) и саудискиот клуб Ал-Хилал дополнително се влошија. Францускиот напаѓач одбива да го напушти клубот и не прифаќа ниту една понудена опција за летен трансфер, што му создава сериозни проблеми на клупските челници во подготовките за новата сезона. Раководството на Ал-Хилал се обиде да ја реши ситуацијата нудејќи му на Бензема трансфер во еден од новите …
Continue Reading
ПСЖ ја одреди цената за Бредли Баркола
Бредли Баркола, одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, и според сè, следната негова дестинација ќе биде Премиер лигата. Баркола сака да го напушти клубот, поради жестоката конкуренција на неговата позиција. Ливерпул засега покажува најголем интерес. Пари Сен Жермен реагираше и постави цена за крилниот напаѓач од 170 милиони евра. Ако ова е премногу за Ливерпул, шампионот на …
Continue Reading
Славко Винчиќ замина во пензија
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата судиска кариера само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство. Винчиќ се пензионира на 46 години, а неговото заминување беше потврдено од Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ стана меѓународен судија во 2010 година. Две години подоцна, беше вклучен во Европското првенство како шести судија, а со словенечкиот тим учествуваше и …
Continue Reading
Реал и Лајпциг се договорија за Диоманде
Реал Мадрид обезбеди нов трансфер, Јан Диоманде од РБ Лајпциг во текот на оваа недела официјално ќе стане играч на „Кралскиот клуб“. Според инсајдерот, Фабрицио Романо, договорот меѓу клубовите е постигнат, а обештетувањето за крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе изнесува повеќе од 100 милиони евра. Диоманде ќе отпатува за Мадрид оваа недела, каде што ќе помине медицински …
Continue Reading
Арсенал за Винисиус го подготвиле најголемиот договор во историјата на клубот
Челниците на англискиот првак Арсенал се подготвени да реализираат блокбастер трасфер до крајот на преодниот рок. Не е тајна дека нивна цел е Винисиус Жуниор. Според „Телеграф Спорт“, парите не се проблем. Подготвени се да му понудат на Бразилецот повеќе од 400.000 фунти неделно колку што заработува во Реал. Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, …
Continue Reading
Жестока битка меѓу Реал и ПСЖ за потписот на Диоманде
Реал Мадрид направи клучен чекор во трката за еден од најбараните млади таленти во Европа, Јан Диоманде, постигнувајќи усмен договор за личните услови со крилниот напаѓач на РБ Лајпциг. Со тоа, „Кралскиот клуб“ се изедначи со Пари Сен Жермен, кој доби „зелено светло“ од играчот уште во јуни. Минатиот месец, Парижаните се согласија на петгодишен договор со Диоманде до 2031 …
Continue Reading
Ристовски ќе го напушти Сараево
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски (34), наскоро треба да го напушти ФК Сараево, објавија медиумите од Босна и Херцеговина. Според нивните пишувања, Ристовски наскоро треба да го раскине договорот со клубот од Кошево, по што ќе биде слободен да бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови. Медиумите од Босна …
Continue Reading
Меси и оваа година ќе го прескокне Ол-стар мечот, но без казна
Лионел Меси нема да настапи на претстојниот Ол-стар натпревар на МЛС лигата, откако со Аргентина играше финале на Светското првенство, соопшти американската лига. Минатата година Меси беше казнет бидејќи самоволно го прескокна мечот кој ги собира најдобрите играчи од МЛС против избран состав од мексиканската Лига MX. Учеството на Ол-стар натпреварот вообичаено е задолжително, освен во случај на повреда, но …
Continue Reading
Ханси Флик го одбил трансферот на Лапорт
Ајмерик Лапорт ги понуди своите услуги на Барселона за време на Светското првенство, но каталонскиот клуб не е заинтересиран за неговото доаѓање. Како што објавува „Мундо Депортиво“, искусниот стопер сакал да се пресели во клубот со кој претходно беше поврзуван, особено по одличните игри во дресот на шпанската репрезентација. Лапорт, заедно со Пау Кубарси, го формираа одбранбениот ѕид на светските …
Continue Reading