Фудбалерите на Манчестер Јунајтед претрпеа шокантен пораз во 1/16-финалето од Лига Купот, откако беа поразени од Брајтон со 3:2.
Јунајтед, загуби на домашен терен откако стекна предност од два гола.
Мајкл Керик мечот го започна со комбиниран состав, а „Црвените ѓаволи“ по 10 минути игра поведоа со 2:0 со головите на Лејси и Маунт, а потоа сè отиде по ѓаволите.
Гостите го намалија резултатот преку Костулас во првата минута од судиското продолжение, Грос израмни во 65-та минута, а стоперот Де Кајпер го постигна голот за победа во 70-та минута.
https://topsport.mk/wp-content/uploads/2026/09/m2-res_1080p.mp4
Избраниците на Мајкл Карик напаѓаа до крајот на натпреварот, Мбуемо, Фернандес и Куња влегоа во игра, но немаше гол за израмнување.
Ова беше втор пораз на Јунајтед во три дена, откако беа поразени со 1:0 од Манчестер Сити.
Покрај овој дуел, вечерва се одиграа уште три дуели од Лига Купот: Евертон го елиминираше Вулверхемптон (1:0), Флитвуд го изненади Шефилд Јунајтед (1:0), а Астон Вила победи во Ковентри (3:1).
Foto/ depositphotos