(Видео) 85.000 луѓе го пречекаа Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и официјално беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид. На промоцијата присуствуваа 85.000 луѓе на „Сантијаго Бернабеу“. Мбапе, утринава најпрвин беше на лекарски прегледи, а потоа заедно со претседателот на Реал Флорентино Перез го парафираше повеќегодишниот договор. Мбапе ќе остане во шпанската престолнина најмалку до летото 2029 година. Само за потписот доби 130 милиони, а …

Continue Reading

Мбапе го стави потписот на договорот со Реал

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе официјално е нов член на Реал. Откако успешно ги помина лекарските прегледи, Мбапе се упати на „Сантијаго Бернабеу“, каде што потпиша договор со европскиот и шпанскиот шампион. Во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез, напаѓачот се обврза на соработка до летото 2029 година. Со тоа ставија крај на долгогодишните шпекулации за тоа кога и дали …

Continue Reading

Грузиецот имаше договор со Монако, но заврши во Лион

Георги Микуатадзе и репрезентацијата на грузија воодушевија со она што го покажаа на Европското првенство. Грузиецот, постигна три гола и заедно со Дани Олмо, Хари Кејн, Џамал Мусијала, Коди Гакпо и Иван Шранц го освои трофејот за најдобра стрелец. Одличните игри на 23-годишниот напаѓач не останаа незабележани од богатите клубови, неговиот трансферот во Монако беше договорен. Во Кнежевството го чекаа …

Continue Reading

Тосун се пресели од Бешикташ во Фенербахче

Трансферот кој ја стресе Турција, искусниот напаѓач го засили тимот на Жозе Мурињо. Фенербахче потврди дека го ангажирал искусниот напаѓач Џенк Тосун. Како што беше објавено на веб-страницата на Фенербахче, турскиот репрезентативец кој е роден во Германија пристигна во клубот како слободен играч, по завршувањето на договорот со Бешикташ. Тосун (33) со големиот ривал на Бешикташ, Фенербахче потпиша две годишен …

Continue Reading

Штутгарт го потврди трансферот на Демировиќ

Фудбалерот од Босна и Херцеговина Ермедин Демировиќ потпиша за Штутгарт, соопштија од клубот. Како што е објавено на сајтот на вицешампионот на Германија, 26-годишниот напаѓач потпишал четиригодишен договор. Аугсбург заработи 21 милион евра како обештетување за довчерашниот капитен. Ова е нов клупски трансфер рекорд за Штутгарт, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Во претходните две сезони Аугсбург, …

Continue Reading

Менаџерот на Њукасл ќе го наследи Саутгејт?

Герет Саутгејт пред почетокот на Европското првенство изјави дека ќе се повлече од селекторската функција доколку Англија не стане шампион на Стариот континент. Гордиот Албион стигна до финалето но не успеа да ја освои титуата. Шпанија, во неделата, победи во финалето со 2:1. Прашање е дали Саутгејт ќе го одржи ветувањето. Саутгејт има валиден договор со Фудбалската асоцијација (ФА), но …

Continue Reading

Аргентина и Шпанија за една година ќе го одиграат натпреварот наречен Финалисима

Фудбалските репрезентации на Шпанија и Аргентина, победници на Европското првенство и на Копа Америка, ќе се сретнат за една година во натпревар познат како „Финалисима“, кој е подобар, европскиот или јужноамериканскиот шампион. Во неделата вечерта Шпанија во финалето ја победи Англија со 2:1, додека Аргентина беше подобра од Колумбија со 1:0. „Натпреварот ќе се одржи во Јужна Америка, датумот се …

Continue Reading

Жиру се збогуваше со „Триколорите“

Најдобриот стрелец во историјата на француската фудбалска репрезентација Оливие Жиру (37) се прости од дресот на „Триколорите“. Жиру дебитираше за Франција на 11 ноември 2011 година во пријателски натпревар против САД. Тој забележа 137 настапи, само Хуго Лорис (145) и Лилијан Турам (142) собраа повеќе и постигнаа рекордни 57 гола. Во дресот на Франција ја освои светската титула во 2018 …

Continue Reading

Ван дер Варт за Рајс: Вреди 120 милиони, а само ја враќа топката назад

Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт жестоко го критикуваше англискиот играч за врска Деклан Рајс. Фудбалерот на Арсенал беше во стартниот состав на секој натпревар на Англија на Европското првенство во Германија. „Топчиите“ за трансферот на Рајс на Вест Хем му платија 116 милиони евра, а неговата моментална вредност на „Трансфермаркт“ е 120 милиони евра. „Сто и дваесет милиони …

Continue Reading