Познато е колку Меси (најмалку) ќе паузира

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино го откри стeпенот на повредата на Лионел Меси. Легендарниот аргентински фудбалер го повреди зглобот на десната рака во финалето на Копа Америка против Колумбија. Меси теренот го напушти во 66.минута. Без него Аргентина успеа да победи со голот на Лаутаро Мартинез во 112.минута. Според тренерот на Интер Мајами, Меси ќе пропушти најмалку два натпревари …

Continue Reading

(Видео) Французите ја тужат Аргентина поради расистичка песна – Скандалот предизвика хаос во соблекувалната на Челзи

Аргентина ја одбрани титулата на Копа Америка со победата над Колумбија 1:0. Голот го постигна Лаутаро Мартинез во 112.минута. „Гаучосите“ ја освоија третата голема титула во последните три години, а по натпреварот повторно предизвикаа скандал со начинот на кој ја прославија победата. Аргентинските фудбалери повторно ја отпеаја „проблематичната“ песна во која се навредуваат француските репрезентативци со африканско потекло. Истата песна …

Continue Reading

Тадиќ поради лошиот однос со Пикси повеќе нема да игра за Србија

Капитенот на Србија, Душан Тадиќ (35) ќе се повлече од репрезентацијата, пишува „Телеграф“. Одлуката се уште не е официјално објавена, но искусниот офанзивец наводно веќе ја донел одлуката и повеќе не сака да игра за репрезентацијата, а како веројатна причина се наведува лошиот однос со селекторот Драган Стојковиќ. По поразот на Србија од Англија, Тадиќ го прозва Пикси бидејќи не …

Continue Reading

Шмајхел е пред трансфер во Селтик

Искусниот дански голман Каспер Шмајхел би можел да ја продолжи кариерата во Селтик. Според данскиот „Типсбладет“, Шмајхел во текот на денот треба да се појави во Италија на лекарски прегледи. Ако се биде во ред, тој би можел да им се приклучи на новите соиграчи на турнејата во САД. Инаку, Шмајхел моментално е слободен играч по заминувањето од Андерлехт. Доколку …

Continue Reading

Давид Бабунски во Данди јунајтед

Давид Бабунски го официјализира трансферот во Данди јунајтед. Претходно договор со шкотскиот клуб потпиша и Кристијан Трпаноски. Бабунски потпиша договор на една година со Данди јунајтед, со опција истиот да биде продолжен на уште една година. Претставувајќи го Бабунски, клубот потенцира дека кариерата ја започнал во младинската школа на Барселона со Грималдо, Деулофеу, Адама Траоре… Последен клуб на Давид Бабунски …

Continue Reading

(Видео) Голот на Јамал ​​е најубав на ЕУРО 2024

Голот на шпанскиот фудбалер Ламин Jамал во полуфиналето против Франција е избран за најубав на Европското првенство, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). По голот на шпанскиот тинејџер следат головите на Англичанецот Џуд Белингем против Словачка, Швајцарецот Џердан Шаќири против Шкотска, Романецот Николае Станчиу против Украина и Турчинот Арда Ѓулер против Грузија. Топ 10-те гола на ЕП ги комплетираат Турчинот Мерт …

Continue Reading

ФА: Герет направи повеќе од сите селектори пред него во последните 50 години

Герет Саутгејт (53) поднесе оставка како селектор на Англија. Англија во финалето на ЕП беше поразена од Шпанија со 2:1. За Саутгејт ова беше втор пораз во борба за континенталната титула. Да потсетиме, Англија загуби и од Италија во 2021 година во финалето на истиот турнир. Саутгејт е на чело на Англија од 2016 година. Откако Саутгејт официјално се повлече, …

Continue Reading

(Видео) Тен Хаг лут: Манчестер јунајтед не смее да игра вака

Фудбалерите на Манчестер јунајтед беа поразени во првиот подготвителен натпревар за новата сезона, што видно го налути менаџерот Ерик Тен Хаг. Во понеделникот, Манчестер јунајтед гостуваше кај Розенборг и загуби (1:0) во Трондхајм со гол во 93. минута. Јунајтед настапи во комбиниран состав, многу фудбалери се уште не се приклучиле на подготовките по обврските за ЕУРО 2024 и Копа Америка, …

Continue Reading

Симон ќе паузира до октомври

Унаи Симон првиот голман на Атлетик Билбао и на шпанската репрезентација, кој во неделата со неа стана европски шампион, оваа недела ќе мора да го оперира зглобот. Симон ќе паузира три до четири месеци. Според очекувањата, тој некаде во октомври ќе може да се стави на располагање на својот клуб. Симон веќе некое време се мачи со повреда која сега …

Continue Reading