Чилеанец тврди дека идејата за новиот формат на ЛШ е негова

УЕФА одлучи да воведе нов формат на Лигата на шампионите оваа сезона. Ќе играат 36 екипи, а во првата фаза секоја екипа ќе одигра осум натпревари – четири дома и четири на гости. Првите осум на табелата директно одат во осминафиналето, екипите од 9. до 24.место ќе играат плеј оф за пласман меѓу најдобрите 16, а тимовите од 25. до …

Continue Reading

(Видео) Спарта со видео од Мистер Бин го прослави пласманот во ЛШ

Спарта Прага со две победи над Малме и вкупен резултат 4:0 избори пласман во главата фаза во Лигата на шампионите. Чешкиот тим по речиси две децении пауза се врати меѓу фудбалската елита. Ждрепката за главната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи денеска од 18 часот во Монте Карло. Последен пат во Лигата на шампионите, Спарта играше пред 19 …

Continue Reading

Партизан испадна од сите натпреварувања на УЕФА

Фудбалскиот клуб Партизан доживеа фијаско на европската сцена. Црно-белите поставија нов, срамен рекорд, испадна од квалификациите за сите три европски натпреварувања. Минатата сезона ова му „успеа“ на украински Днипро. Инаку, украинскиот клуб годинава згасна и повеќе не постои. Црно-белите не успеаја да ја надополнат негативата од првиот меч против Гент. Згора на тоа, загубија и во Белгија и со тоа …

Continue Reading

Вечерва е ждрепката за ЛШ, можен е дуел меѓу Црвена звезда и Динамо Загреб

Ждрепката за Лигата на шампионите, за прв пат со 36 учесници, ќе се одржи во четврток на 29 август во 18 часот во Монте Карло. Секој од 36-те клубови ќе одигра по осум натпревари против различни противници, по четири дома и во гости. Истото важи и за Лига Европа. Пред ждрепката, 36 клуба се во четири шешири, во секоја има …

Continue Reading

(Видео) Црвена звезда ќе игра во ЛШ, во Братислава го слават Барсегјан

Црвена звезда, Слован Братислава и Лил ја комплетираа листата од 36 екипи, кои во септември ќе играат во новиот формат на Лигата на шампионите. Актуелниот шампион на Србија, Црвена звезда го победи норвешкиот шампион Бодо/Глимт со 2:0 во вториот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите на преполната Маракана во Белград. Звезда ја анулира негативата од 2:1 од првиот натпревар …

Continue Reading

КОНМЕБОЛ жестоко ги казни уругвајските репрезентативци

КОНМЕБОЛ, јужноамериканската Куќа на фудбалот, донесе остри казни за уругвајските репрезентативци кои учествуваа во инцидентите со навивачите на Колумбија по поразот од 0:1 во полуфиналето на Копа Америка летово во Шарлот. Најлошо помина напаѓачот Дарвин Нуњес, кој ќе ги пропушти следните пет официјални натпревари. Покрај Нуњес, најстрого се казнети и другите членови на тимот. Родриго Бентанкур ќе пропушти четири натпревари, …

Continue Reading

Снајдер: Ја заслужив Златната топка, но историјата не може да се повтори

Познатиот холандски фудбалер Весли Снајдер смета дека бил ограбен пред 14 години и дека требало да ја добие Златната топка. Во таа позната сезона 2009/2010, Интер на Жозе Мурињо ја освои „тројката“ – Лигата на шампионите, Серија А и Копа Италија. Снајдер беше еден од главните играчи на „неро-аѕурите“, исто како и холандската репрезентација со која стигна до финалето на …

Continue Reading

Заврши сезоната за вундеркиндот на Барселона

Марк Бернал (17), откритието на Ханси Флик, новиот тренер на Барселона, нема да игра до крајот на сезоната. Младиот дефанзивен играч за врска оваа сеозна дебитираше во сениорскиот тим и беше стартер во сите три првенствени натпревари. Барселона забележа три идентични победи (2:1), но синоќа против Рајо Ваљекано, Бернал се повреди. Шпанските медиуми пишуваат дека тој при еден старт, кога …

Continue Reading

Киеза ја прифатил понудата од Ливерпул

Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза наскоро ќе стане новиграч на Ливерпул. Според добро информираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, поранешниот играч на Јувентус ја прифатил понудата на Ливерпул. Киеза со „црвените“ ќе потпише четиригодишен договор, а вредноста на трансферот е околу 13 милиони фунти плус бонуси. Киеза повеќе не беше во плановите на Јуве, каде му останаа уште 12 месеци од договорот. …

Continue Reading