Се распаѓа српската репрезентација – По Влаховиќ, Пикси остана и без СМС и Миторвиќ
Селекторот на Србија, Драгн Стојковиќ-Пикси, се соочува со сериозни кадровски проблеми пред стартот на натпреварите во Лигата на нации. Србија оваа сезона ќе се натпреварува во А-дивизијата. Прв противник на Србите ќе им биде актуелниот европски првак Шпанија, на 5.септември во Белград. По неуспехот на Европското првенство, Пикси се откажа од неколкумина фудбалери (Гудељ, Младеновиќ, Гачиновиќ, Костиќ…), а од националниот …
Continue Reading
Трипие се повлече од националниот тим
Фудбалерот на Њукасл, Киран Трипие објави крај на репрезентативната кариера, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија (ФА). Како што е објавено на сајтот на ФА, Трипие (33) се повлекува од репрезентацијата по 54 натпревари и еден гол во дресот на Англија. Трипие дебитираше за Англија во 2017 година, а за репрезентацијата играше на две светски и две европски првенства. Единствениот гол …
Continue Reading
Рамсдејл се договори со Саутемптон
Арон Рамсдејл кариерата ќе ја продолжи во Саутемптон. „Светците“ успеаја да се договорат со Арсенал. Како што пренесува Би-би-си, се очекува Саутемптон да потроши и до 25 милиони фунти за потпис на англискиот голман и дека зделката ќе биде завршена до петок на полноќ кога завршува преодниот рок во Англија. Самиот трансфер е вреден 18 милиони фунти, а на име …
Continue Reading
Сампдорија го отпушти Пирло
Андреа Пирло повеќе не е тренер на Сампдорија. По само три натпревари во новата сезона и освоен само еден бод, Самдорија реши да ја прекине соработката со Пирло. Поразот од Салернитана минатиот викенд ја реши судбината на тренерот. Одлуката на клубот е да го замени Пирло со Андреа Сотил, кој пред само еден месец поднесе оставка како тренер на Салернитана. …
Continue Reading
Рамос има нов клуб?
Легендарниот шпански репрезентативец Серхио Рамос (38) ќе потпише договор со саудискиот клуб Ал Оробах, пренесува белгискиот новинар Саша Таволиери. Договорот на Рамос со Севилја истече летово, клубот не му понуди нов, а тој нема намера да се пензионира, туку реши да заработи уште некое милионче во Саудиска Арабија. За разлика од Таволиери, неговиот колега Фабрицио Романо известува дека се уште …
Continue Reading
Катастрофа за Брајтон – засилувањето од 30 милиони фунти мора да оди на операција
Брајтон скапо ја плати победата против Кроули (4:0) во второто коло од Лига купот на Англија. На Мет О’Рајли ќе му биде потребна операција по повредата што ја заработи на дебито за својот нов клуб. Засилувањето за кое Брајтон на Селтик му плати 30.000.000 фунти, на теренот мина само шест минути. Откако му беше укажана прва помош на теренот, тој …
Continue Reading
Гвардиола поделил бонуси на помошниот персонал, потрошил 600.000 фунти
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола (53) направи голем гест за да им се заблагодари на вработените во клубот за одличните резултати минатата сезона, кога четврти пат по ред ја освоија Премиер лигата. Од свој џеб на секој член на помошниот персонал му платил бонус од 10.000 фунти (11.896 евра), јавува Би-би-си. Подарокот го примија сите вработени во Сити кои …
Continue Reading
Колку вредат тимовите во ЛШ? Динамо и Црвена звезда се при дното
Фудбалскиот свет со нетрпение ја очекува ждрепката за Лигата на шампионите. Елитното натпреварување од оваа сезона ќе се игра во нов формат со 36 екипи. Ждрепката во Монте Карло ќе започне во 18 часот. „Трансфермаркт“ го објави списокот на сите 36 клубови кои ќе играат во главната фаза од Лигата на шампионите, рангирани по вредноста на тимот. Највредниот тим е …
Continue Reading
Милевски повика 26 фудбалери за дуелите со Фарски Острови и Ерменија
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Фарски Острови (7. септември) и против Ерменија во Скопје (10. септември) од новото издание на Лига на Нации. На спискот на селекторот нема изненадувања, тука се играчите кои играа и во минатиот квалификациски циклус за пласман на ЕП. Повратник во репрезентацијата е Давид …
Continue Reading