Франција и Израел ќе играат во Париз
Фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Израел, закажан за 14 ноември на стадионот „Франција“ во Париз, нема да биде преместен на друга локација. Ова го најави министерот за внатрешни работи, како одговор на можните инциденти меѓу пропалестинските и израелските навивачи. „Некои бараат да се помести натпреварот Франција-Израел. Не го прифаќам тоа, Франција не се откажува бидејќи тоа би значело абдицирање пред …
Continue Reading
Заврши сезоната за Мауро Икарди
Победата на Галатасарај против Тотенхем (3:2) во Лига Европа мина во сенка на повредата на Мауро Икарди. Искусниот аргентински напаѓач ги повредил предните вкрстени лигаменти на коленото и го чека операција, а потоа и долг период на рехабилитација. Икарди оваа сезона постигна шест гола и забележа за две асистенции за Галатасарај. Во Лига Европа, Галатасарај со три победи и реми …
Continue Reading
Пресметано е колку заработува Нејмар со секој допир на топката
Проблемите со повредите се причината поради која Нејмар досега одигра само седум натпревари за Ал Хилал. Вкупно на теренот бил 428 минути, постигнал еден гол и забележал три асистенции. Официјалната сума за која настапува годишно е 100 милиони евра, но со сите бонуси и договори со клубот се верува дека оваа сума е многу поголема, не 200 милиони евра како …
Continue Reading
Кординие е решението за проблемите на Реал
Кошаркарите на Реал Мадрид лошо ја започнаа сезоната, особено во Евролигата, каде по осум рунди веќе имаат пет порази. На Реал му се неопходни засилувања, најмалку по еден играч во надворешната и внатрешната линија. Ајзеа Кординие е првиот пик на Реал како засилување на бековската позиција. Францускиот кошаркар е еден од главните адути на Виртус оваа сезона, екипа која исто …
Continue Reading
Турците го казнија Мурињо за непримерните изјави
Минатиот викенд, во дербито од 11. коло на турскиот шампионат, Фенербахче на гости го совлада Трабзонспор со 3:2 со голот на Софијан Амрабат во 102. минута. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо лудуваше по триумфот, поради што е парично казнет со 26.000 евра и суспензија од еден натпревар. Муриео е казнет поради неспортско однесување кон противничките навивачи и изјавите што ги …
Continue Reading
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Перу
Перуанската полиција го уапси претседателот на Фудбалскиот сојуз на Перу, Агустин Лозано, како дел од истрагата за измама, изнуда, перење пари и други кривични дела. Од 2018 година, Лозано е вториот претседател на Перуанската федерација кој е уапсен, откако неговиот претходник беше под истрага за наводна вмешаност во две убиства. Подоцна тој беше ослободен од обвиненијата. Со лисици на рацете, …
Continue Reading
(Видео) Јунајтед на погон на Диало го победи ПАОК, Фенер на Мурињо падна во Алкмар
Руд ван Нистелрој со победа се прости од функцијата в.д.менаџер на Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ првата победа во Лига Европа ја забележаа над ПАОК. Во четврото коло Жозе Мурињо со Фенербахче забележа тежок пораз во Алкмар. Во дербито, Лацио со гол во 92.минута го победи Порто. Манчестер јунајтед во четвртата рунда ја забележа првата победа во Лига Европа. Претходно Јунајтед …
Continue Reading
(Видео) Рекорд на Челси во Конференциската лига – „Сините“ спакуваа осум гола во мрежата на Ноа
Фудбалерите на Челси вечерва на „Стенфорд Бриџ“ ја забележаа највисоката победа во историјата на Конференциската лига. „Сините“ со 8:0 славеа над ерменскиот претставник Ноа. Овој тим во квалификациите за пласман во Конференциската лига, лето, ја елиминира Шкендија. Челси, во конкуренцијата каквашто владее во најмладото натпреварување на УЕФА е апсолутен фаворти за титулата. Вечерва имаа лесен тренинг против Ноа. Тимот на …
Continue Reading
Димитријевиќ и Милано го растурија Реал
Кошаркарите на Олимпија од Милано го совладаа Реал Мадрид со 85:76 во 8. коло од Евролигата. Двата тима се на скор од три победи и пет порази. Реал се уште е без победа на гостински терен од почетокот на сезоната. Најдобриот меч од доаѓањето во Милано го одигра Ненад Димитријевиќ. Избраниците на Еторе Месина многу брзо го наметнаа својот стил …
Continue Reading