Инфантино го доби првиот противкандидат за функцијата претседател на ФИФА
Поранешниот играч на Тотенхем, Рамон Вега, ја објави својата кандидатура за претседател на ФИФА на изборите следната година, станувајќи првиот кандидат кој јавно потврди дека ќе го предизвика Џани Инфантино. Вега (55) е поранешен швајцарски репрезентативец кој играше за Селтик и Вотфорд во текот на својата кариера. Тој го напушти професионалниот фудбал во 2004 година, а потоа се посвети на …
Continue Reading
Хетафе не може да го реализира трансферот на Карвахал
Дани Карвахал (34), поранешен дефанзивец на Реал Мадрид и шесткратен освојувач на Лигата на шампионите, би можел да ја продолжи кариерата во Хетафе, но неговиот трансфер е заглавен поради финансиските правила на шпанската Ла Лига. Како што пишува АС, проблемот е невообичаено ниската плата на која Карвахал се согласил за да потпише за новиот клуб. Карвахал во вторникот ги поминал …
Continue Reading
Крај на сезоната за напаѓачот на Ајакс
Ајакс остана без напаѓачот Каспер Долберг (29) до крајот на сезоната. Вчера во Копенхаген, Данецот успешно го оперираше десното колено по повредата за време на тренингот на репрезентацијата. Ајакс потврди дека станува збор за повреда на предните вкрстени лигаменти. Долберг ќе остане во Данска некое време за да се одмори, а потоа ќе се врати во Амстердам каде што ќе …
Continue Reading
Педро ја заврши кариерата
Шпанскиот напаѓач, Педро Родригез, светски шампион од 2010 година и легенда на Барселона, објави дека ја завршува својата кариера на 40-годишна возраст. Тој ја сподели одлуката со јавноста на социјалните мрежи. Педро е без клуб од 30 јуни, кога му истече договорот со Лацио. „Чувствувам дека моментот е вистински. Време е за нов чекор и почеток на нова етапа во …
Continue Reading
Артета во Арсенал барем до 2030 година
Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со тренерите. Не е случајно што гигантот од северен Лондон имал шест тренери во својата историја кои работеле во клубот најмалку девет години во еден мандат. Последниот меѓу нив, кој е и рекордер, е Арсен Венгер, а Микел Артета тргна по …
Continue Reading
Турција му врачи отказ на Монтела
Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На Светското првенство, Турците, беа „видени“ како можно изненадување на првенството, но не успеаја да ја минат групата. Уште тогаш на многумина не е им беше јасно како Монтела ја задржа функцијата. Но, италијанскиот тренер не успеа да преживее по ужасните …
Continue Reading
Македонија назадува на ФИФА листата, сега се наоѓа на 71-то место
Циклусот од четири натпревари во Лигата на нации, Македонија го заврши со четири порази, без постигнат гол, што очекувано ѝ донесе пад на ранг листата на ФИФА. Македонија два пати загуби од Швајцарија со по 3:0, а доживеа и порази со 2:0 од Словенија и Шкотска. Овое порази предизвикаа пад од две места на ФИФА листата. На листата која ФИФА …
Continue Reading
Жесус „не успеал“ да ја прочита објавата на Роналдо
Ситуацијата околу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жесус, не се смирува и по објавата на фудбалерот во која се извини за целата ситуација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изјави дека Жесус го прекршил договорот во два наврати, додека особено го погоди фактот што тренерот за време на прес-конференцијата не спомена ниту една од осумте точки од …
Continue Reading
Астон Вила му нуди спас на Ендрик
Младата бразилска ѕвезда Ендрик е разочаран од својот статус во Реал Мадрид и ќе бара нов клуб во јануари. Како што сега стојат работите, тој ќе ја продолжи кариерата во Астон Вила. Бразилецот Ендрик е во немилост на Жозе Мурињо. Тренерот на Реал Мадрид едвај смета на неговите услуги и оваа сезона 20-годишниот напаѓач одигра само четири минути во дуелот …
Continue Reading