Бредли Баркола пристигна на „Енфилд“

Фудбалскиот клуб Ливерпул го потврди најскапиот трансфер ова лето, на „Енфилд“ пристигна, Бредли Баркола. Како што е познато, преговорите траеја долго, Ливерпул конечно одлучи да плати околу 145.000.000 евра, со вклучени бонуси. Наводно, фиксниот дел изнесува 125.000.000 евра, а остатокот преку бонуси. Баркола пристигнува по три сезони поминати во Пари Сен Жермен во кои ги освои сите можни трофеи, одигра …

Continue Reading

Ливерпул плати 35 милиони евра за „новиот Куртоа“

Ливерпул и Генк го договоријја трансферот на 18-годишниот голман Лука Бругманс. Според достапните информации, трансферот треба да вреди вкупно 35 милиони евра, додека планот е младиот голман да пристигне на „Енфилд“ во летото 2027 година. Ливерпул ги закажа медицинските прегледи, што претставува следен чекор во реализацијата на трансферот. Бругманс се смета за еден од поперспективните млади голмани и наследник на …

Continue Reading

Бунт на навивачите спречи трансфер од 40 милиони евра

Евертон одлучи да го запре трансферот на Харисон Армстронг во Нотингем Форест по жестоката реакција од навивачите. Форест испрати понуда вредна 40 милиони фунти (околу 47 милиони евра), со можност за дополнителна заработка за Евертон преку клаузула за процент од следната продажба, за младиот играч од средниот ред и англискиот репрезентативец до 19 години. Армстронг се смета за еден од …

Continue Reading

Аталанта за 48 милиони евра му продаде тинејџер на Челзи

Челзи ќе купи уште еден играч во финишот на летниот преоден рок. Клубот од „Стенфорд Бриџ“ го таргетираше 18-годишниот фудбалер на Аталанта, Онест Аханор. За астрономска сума од 48 милиони евра, тинејџерот ќе го напушти Бергамо. Аханор нема да остане на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе ги мине лекарските прегледи, ќе се пресели во соседството, во Кристал Палас. Таму на позајмица …

Continue Reading

Постариот брат Дуе се сели во Леверкузен

Гуела Дуе е нов член на Баер Леверкузен. Постариот брат на многу попознатиот Дезире (играч на ПСЖ), пристигна во Германија од француски Стразбур во трансфер вреден дури 37.500.000 евра. Гуела, кој игра на позицијата десен бек, ги прифати условите и се очекува наскоро да ги засили редовите на „Фармацевтите“. Дуе ја започна својата кариера во Рен, каде што играше од …

Continue Reading

(Не)славен крај на кариерата на Карим Бензема

Карим Бензема (38) повеќе не е фудбалер на Ал Хилал. Францускиот напаѓач и саудискиот клуб спогодбено се разделија, а искусниот голгетер сега мора да донесе голема одлука за својата кариера. Во 2023 година, Бензема го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад, додека во јануари 2026 година направи нов голем трансфер и го облече дресот на Ал Хилал. …

Continue Reading

Гакпо го известил Ливерпул дека се сели во Сити

Доаѓањето на Бредли Баркола значеше и заминување на Коди Гакпо од „Енфилд“. Иако од Ливерпул доби опција да остане во клубот, Холанѓанецот решил да замине. „Атлетик“ пишува дека Гакпо им соопштил на клупските челници дека одлучил да се пресели на „Етихад“, по што двата клуба отвориле преговори за условите на трансферот. Времето истекува, бидејќи летниот преоден рок во Премиер лигата …

Continue Reading

(Видео) Хет-трик на Бруно, Јунајтед го победи Ипсвич

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа убедлива победа против Ипсвич (5:2), во натпреварот од второто коло на Премиер лигата. Херој на домашниот тим беше Бруно Фернандес, кој постигна три гола. Португалецот постигна хет-трик во лигата за прв пат од првиот натпревар во сезоната 2021/22. По поразот на почетокот на сезоната, на Јунајтед му беше потребна реакција, но Ипсвич покажа дека не …

Continue Reading

Барселона напаѓач најде во Арсенал

Барселона го бркаше Хулијан Алварез цело лето, но се чини дека напаѓач најде во Арсенал. На чекор до „Ноу Камп“ е Бразилецот, Габриел Жезус. Трансферот е практично договорен, а Барселона ќе издвои околу 10 милиони евра за Бразилецот. Договорот е големо изненадување со оглед на тоа што Жезус не беше сериозно поврзуван со каталонскиот клуб во последните месеци, додека Алварез …

Continue Reading