(Видео) Жестоко Супер Класико, Бока слави победа над Ривер
Фудбалерите на Бока Јуниорс го победија својот најголем ривал Ривер Плата со 1:0 во 15-то коло од аргентинската Клаусура. Супер Класико го реши дефанзивецот на Бока, Лаутаро ди Лољо во 27-та минута. Клучниот момент во дербито се случи во 10-та минута, кога Ривер остана со играч помалку на теренот. Лукас Мартинез Кварта беше трагичар на гостите поради исклучително непромислен фаул …
Continue Reading
(Видео) Арсенал по 14 години победи на „Енфилд“ – Хаверц го реши дербито
Фудбалерите на Арсенал го победија Ливерпул на „Енфилд“ со 0:1 во деветотот коло од Премиер лигата. Ова е прва победа за Микел Артета како менаџер на Арсенал на „Енфилд“ и прва победа на „топџиите“ во Ливерпул по пауза од 14 години. Арсенал во раната фаза од натпреварот постигна гол, во 16-та минута, кога центаршутот на Рајс, на втората статива го …
Continue Reading
Динамо Загреб го отпушти тренерот
Марио Ковачевиќ повеќе не е тренер на Динамо Загреб. Му пресуди поразот против Рудеш (1:0), па затоа ќе ги напушти „сините“ по 17 месеци. Клубот водеше во 73 натпревари, забележа 48 победи, 11 нерешени и 14 порази. Минатата сезона, тој му донесе „двојна круна“ на тимот од Загреб. Дотогаш, тимот ќе го води Јерко Леко, тренерот на Б-тимот на „сините“. …
Continue Reading
(Видео) „Тројката“ на Реал во Сантандер
Фудбалерите на Реал Мадрид победија во Сантандер, кај Расинг со 3:0 во 11-то коло од Ла Лига. И овој натпревар на Реал, по сè што се беше видено, ќе биде под лупа на јавноста. Иако малкумина можат да ја оспорат победата на Реал Мадрид, ќе има и такви кои ќе го оспорат пеналот досуден за гостите во 11-та минута. Тогаш …
Continue Reading
Најлошиот Јунајтед во последните 42 години
Манчестер Јунајтед загуби со 2:0 на гостински терен од Челзи, продолжувајќи ја својата серија без победа на девет натпревари во сите натпреварувања. Ова е најдолгата таква серија на клубот од септември 1984 година. Челзи победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, гостите половина час играа без исклучениот Лисандро Мартинез. Аргентинецот кумуваше за првиот гол на Роџерс, …
Continue Reading
(Видео) Лукас Окампос – кандидат за „Пушкаш“
Аргентинскиот фудбалер Лукас Окампос ја истакна својата кандидатура за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во сезоната, со потегот што го изведе претходната вечер на мексиканската Апертура. Во натпреварот на неговиот Монтереј против Тихуана, Окампос изведе спектакуларни ножички. Поранешниот играч на Севилја, како и на Монако, Олимпик Марсеј, Џенова и Милан, прими центаршут од десната страна и погоди во самиот …
Continue Reading
Барселона го декласира Алавес
Барселона го победи Алавес со 6:1 на „Камп Ноу“ во 11-то коло од шпанската Ла Лига. Екипата на Ханси Флик водеше со 4:0 на полувремето. До убедливата победа Каталонците ги предводеа Рафиња, Ламине Јамал, Фермин Лопез и Ентони Гордон, додека единствениот гол за гостите го постигна Маријано Дијаз. Со убедлива победа Барселона одговори на поразите во дуелите со ПСЖ и …
Continue Reading
Хамилтон за „влакно“ пред Расел ја освои пол-позицијата во Мексико
Луис Хамилтон ја освои првата пол-позиција за Ферари во тековната сезона, во првенството во Формула 1. Британецот до 105-та пол-позиција во кариерата, дојде пред сонародникот Џорџ Расел од Мерцедес и тимскиот колега Шарл Леклер. Седумкратниот светски шампион му ја донесе на Ферари првата пол позиција во новата ера на автодромот „Ерманос Родригез“, во Мексико Сити, со круг од 1:16.514 минути. …
Continue Reading
(Видео) Спектакл во првото полувреме – Милан го победи Интер
Милан го победи Интер со 3:1 (3:1), во 10-то коло во Серија А. Актуелниот првак на Италија, потклекна пред расположениот противник и го забележа првиот пораз во сезоната во домашниот шампионат. Интер со натпревар повеќе остана на делба на првата позиција со Лацио, додека Милан скокна на четвртото место, со 21 бод, четири помалку од двете водечки екипи. Првото полувреме, …
Continue Reading