Би-би-си: Франција најголем фаворит за титулата

Аргентина ја започна одбраната на титулата светски шампион со убедлива победа, но според експертите на Би-би-си Спорт, тие не се најдобрата репрезентација на турнирот. Нивниот тим новинари ги следеше првите натпревари на сите 48 репрезентации и ги рангираше од најдобрата кон најлошата. Рангирање од првото до 10-то место: 1-во до 10-то место Франција (Група И, победа против Сенегал 3:1). Со …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Конате во Реал до 2030 година

Реал Мадрид официјално го потврди доаѓањето на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, кој потпиша договор со шпанскиот клуб до 30 јуни 2030 година. Конате пристигнува во Реал Мадрид како слободен агент по истекот на неговиот договор со Ливерпул и ќе претставува засилување за одбранбената линија на тимот предводен од Жозе Мурињо. Францускиот интернационалец беше еден од најважните дефанзивци на Ливерпул во …

Continue Reading

Покрај Дибу Мартинез и Вања е на радарот на Јувентус

Еден од приритетите на тренерот на Јувентус, Лучано Спалети е пред почетокот на сезоната, во клубот да пристигне нов голман. Тренерот не е задоволен од Ди Грегорио, кој зад себе има разочарувачка сезона. Примарна цел на Јувентус е Емилијано Мартинез, но само доколку Астон Вила ги намали финасиските барања. Италијанските медиуми тврдат дека актуелниот освојувач на Лига Европа, за Мартинез …

Continue Reading

Дешан: Ембапе е најдобриот напаѓач во историјата на Франција

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, беше задоволен од победата над Сенегал (3:1) на почетокот од Светското првенство, но призна дека неговиот тим немал лесна задача. „Секако дека е важно да се победи на првиот натпревар, особено против толку квалитетен противник. Имавме тешкотии, но тоа им се случи и на другите репрезентации. Сенегал беше добро организиран, опасен во транзицијата и брз …

Continue Reading

Анри до Роналдо: Тимот мора да постигне гол, а не ти

Ремито на Португалија со ДР Конго ја отвори долгогодишна дилема кај Португалците, како понатаму со или без Кристијано Роналдо? Кристијано, официјално најстариот играч (не голман) кој играл во почетниот состав во историјата на светските првенства, не му помогна на својот тим да ја прескокне првата пречка на Светското првенство. Ветеранот не придонесе со нбишто во играта. Роналдо беше речиси бескорисен …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Ливерпул го претрка Њукасл за потписот на Муњоз

Ливерпул ја активираше откупната клаузула на Виктор Муњоз од Осасуна во износ од 40.000.000 евра и наскоро ќе го официјализира трансферот на шпанскиот репрезентативен крилен играч, објави „Атлетик“. Оваа информација е вистинско изненадување, бидејќи минатата недела, сите релевантни англиски медиуми објавија дека Њукасл ја завршил работата со Муњоз. 22-годишниот фудбалер ќе потпише шестгодишен договор со Ливерпул, додека англискиот клуб ќе …

Continue Reading

Тухел загрижен за Рајс: Ќе видиме, никогаш немаше да извадам од игра

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ја пофали реакцијата на својот тим по слабото прво полувреме, на отворањето на Светското првенство и победата над Хрватска (4:2). Тухел, по натпреварот зборуваше и за повредата на Деклан Рајс. Германскиот стручњак истакна дека тимот по паузата, во второто полувреме одиграл во согласност со идентитетот што сака да го види на теренот. „Добра реакција. Првото …

Continue Reading

(Видео) Гана во 95-та минута ја победи Панама, Колумбија славеше против Узбекистан

Победата на Колумбија над Узбекистан (3:1) и трагичниот пораз на Панама од гана го затворија првото коло на Светското првенство во фудбал. Панама, во Л групата, во 90 минути беше подобриот тим на теренот, но си дозволи контра во 95-та минута, која ја повлече Томас-Асанте по левата страна, влезе во шеснаесетникот и несебично го проигра Халеб Јиренки, кој од неколку …

Continue Reading

Кристијано цела вечност нема постигнато гол на големите натпреварувања

Ремито на Португалија со Демократска Република Конго (1:1) во првото коло од Светското првенство донесе уште еден факт што нема да го направи Кристијано Роналдо среќен. Капитенот на Португалија се наоѓа во серија од десет натпревари на големи меѓународни натпреварувања без постигнат гол. Станува збор за натпревари на светските и европските првенства. Во тој период, Роналдо упати 33 удари кон …

Continue Reading