Покрај Дибу Мартинез и Вања е на радарот на Јувентус


depositphotos_741898986_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од приритетите на тренерот на Јувентус, Лучано Спалети е пред почетокот на сезоната, во клубот да пристигне нов голман. Тренерот не е задоволен од Ди Грегорио, кој зад себе има разочарувачка сезона.


Примарна цел на Јувентус е Емилијано Мартинез, но само доколку Астон Вила ги намали финасиските барања. Италијанските медиуми тврдат дека актуелниот освојувач на Лига Европа, за Мартинез бара 15 милиони евра.

Мартинез дојде во фокусот откако стана јасно дека Бразилецот, Алисон Бекер ќе остане во Ливерпул.

Доколку не им успее планот со Мартинез, челниците на Јувентус ќе се обидат со Вања Милинковиќ-Савиќ. Српскиот голман, сезоната ја мина во Наполи, како позајмен играч од најголемиот ривал на Јувентус, Торино.

„За Милинковиќ-Савиќ, кој помина пет сезони во Торино, евентуалното враќање во главниот град на Пиемонт во црно-бел дрес би претставувало значаен предизвик од гледна точка на околината, а со тоа и на карактерот“, пишува „Калчомеркато“.

Италијанските медиуми пишуваат дека како опции во клубот ги разгледуваат Јан Облак од Атлетико и Гуљерме Викарио од Тотенхем.

Облак наводно има дозвола да го напушти Атлетико, доколку во клубот пристигне добра понуда, додека Викарио сака да го напушти Лондон откако во вториот дел од сезоната најчесто беше резерва.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK