Османи од Летната сесија на ПС на ОБСЕ: Мора да ги активираме сите механизми за поддршка на мирот и стабилноста во регионот на ОБСЕ

– Летната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ се одржува во време на големи предизвици за Организацијата, за безбедноста и за соработката – нашите клучни вредности. Во услови на воена агресија на Русија врз Украина, наша цел како Претседавачи со ОБСЕ е да ги почитуваме нашите обврски, да ја зачуваме функционалноста на Организацијата и да бараме начини за враќање на дијалогот. …

Continue Reading

Бесими: Ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата

 – Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека барањата на синдикатите се легитимни зашто тие се борат за одржување на животниот стандард пред инфлацијата. На секоја средба со нив, рече вечерва, има атмосфера и волја да се дојде до решение, но тоа, напомена, мора да биде здраво, системско и одржливо. Според Бесими, Северна Македонија ќе биде прва држава во светот …

Continue Reading

Директорот Богоев на средба со претставници на „Макам-транс“

Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба на директорот Стефан Богоев со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска. -Од страна на Асоцијацијата изразија задоволство во делот на мерките што Царинската управа …

Continue Reading

Тренчевска – Пилграм: Меѓународната организација на трудот останува силен подржувач на македонските политики во областа на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа, Маркус Пилграм. Средбата почна со разговор за новата Национална програма за достоинствена работа што ќе се спроведува до крајот на 2025 година, а беше усвоена и потпишана денеска од страна на  претставници на Меѓународната организација на …

Continue Reading

Владата ја одржа 164-та седница, донесени повеќе одлуки

Владата на Република Македонија на денешната 164-та седница, разгледа и усвои повеќе решенија, меѓу кои да се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип, како и за прифаќање на усогласен текст на Договор, со што се воспоставуваат два заеднички гранични премини со Република Косово Владата, како што информираат од владината прес-служба, ја разгледа и усвои …

Continue Reading

Костадиновска Стојчевска: Честит Денот на независноста на САД, наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации

Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации и споделуваме заеднички вредности во сите општествени сфери, вклучувајќи ја и културата, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по повод Денот на независноста на САД. Според министерката, од особена важност е поддршката што ја добиваме во областата на заштитата на културното наследство, …

Continue Reading

Советниците на ДУИ ја критикуваа работата на општина Тетово, Касами тврди дека се намалени долговите

Советот на Општина Тетово денеска одржа седница за советничка прашања, на која се разви дебата за долгот на локалната самоуправа и тетовските јавни претпријатија. Советниците поставија голем број прашања и за инфраструктурни проблеми. Од советничката група на ДУИ ја критикуваа работата на општината и посочија дека нема развој. – Речиси две години градоначалникот на општината не само што не ги …

Continue Reading

Реакција од СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски

Нискиот и недоличен речник на Христијан Мицкоски, како и ниското ниво на комуникација на ДПМНЕ, полни со лични навреди и несоодветни лични квалификации најдобро ја покажува состојбата и очајот во којашто се наоѓа оваа партија и самиот тој. Да се споменуваат во ваков контекст возрасни личности кои не се инволвирани во политичкиот живот во земјава и да се омаловажуваат само …

Continue Reading

Тренчевска: Не знам од каде 14 отсто, се разговара за систем за плати

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања денеска рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто,  како што рекоа вчера синдикалните претставници по седницата на Економско-социјалниот совет. -Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто. Се разговара за …

Continue Reading