Владата ја одржа 164-та седница, донесени повеќе одлуки

vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Република Македонија на денешната 164-та седница, разгледа и усвои повеќе решенија, меѓу кои да се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип, како и за прифаќање на усогласен текст на Договор, со што се воспоставуваат два заеднички гранични премини со Република Косово







Владата, како што информираат од владината прес-служба, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.

Целта е, граѓаните на Штип и вработените да добијат во најскоро време клиничка болница по современи стандарди, посебно што во Клиничката болница работи, како што е соопштено од Министерството за здравство, високо стручен медицински кадар и во болницата се лекуваат граѓани и од поширокиот источен регион.

За таа цел се активираат процедури, што ќе овозможат завршувањето на изградбата на новиот објект на Клиничка болница – Штип, да се одвива со засилена и прецизно утвдена динамика.

– Задолжени се Министерството за здравство, проектната единица и надзорот да подготват „Проект на изведена состојба“, односно пресек на досега изведените работи, во рок од 42 дена. Задолжена е Проектната единица, по направениот пресек на состојбата, во соработка со Бирото за јавни набавки, да подготви нова, тендерска документација и биде објавена јавна набавка во рок од 30 дена, се вели во соопштението.

Владата, исто така, го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“, и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади, за воспоставување на овие два заеднички гранични премини.

Определен е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во име на Владата на Република Македонија да го потпише Договорот.

– Целта на склучувањето на овој Договор е воспоставување заеднички гранични премини: „Јажице – Глобочица“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила и „Блаце – Елез Хан“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки, информираат од владината прес-служба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK