Тренчевска – Пилграм: Меѓународната организација на трудот останува силен подржувач на македонските политики во областа на трудот

trencevska-piligram
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа, Маркус Пилграм. Средбата почна со разговор за новата Национална програма за достоинствена работа што ќе се спроведува до крајот на 2025 година, а беше усвоена и потпишана денеска од страна на  претставници на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Владата, синдикатите и организациите на работодавачите.







Како што соопшти Кабинетот на Тренчевска, соговорниците уште еднаш го потврдија значењето на Програмата, земајќи предвид дека нејзината цел е креирање повеќе и подобри работни места, подобрени изгледи за вработување на младите жени и мажи, како и инклузивен пазар на труд преку натамошно унапредување на социјалниот дијалог.

Новата Национална програма ја подржува реформската агенда што е утврдена во Програмата на Владата 2022 – 2024 година, која се фокусира на развој на економијата и подигнување на животниот стандард, се наведува во соопштението.

Министерката Тренчевска го потенцираше значењето на социјалниот дијалог и носењето на сите важни одлуки низ конструктивни дискусии заедно со социјалните партнери.

-Социјалниот дијалог секогаш може да се подобрува и да се работи на негово унапредување. Од почетокот на годината одржавме 11 седници на Економско-социјалниот совет каде што сите одлуки ги носевме со консензус. Моментално работиме на новиот Општ колективен договор кој има за цел унапредување на правата на работниците и воспоставување нова методологија за пораст на платите во јавниот сектор, истакна Тренчевска и дополни дека посебен приоритет на Програмата за достоинствена работа е охрабрување на внес на родовата перспектива во склучувањето колективни договори, како важна алатка за еднаквост и развој во општеството.

На средбата стана збор и за подготовката на новиот закон за работни односи, системски закон на кој се работи пет години, за кој се одржаа голем број на јавни дебати, се разгледуваат сите пристигнати забелешки и предлози, и се очекува до крајот на годината да влезе во собраниска процедура. Процесот на работа на новото законско решение доби поддршка од Канцеларијата на МОТ во земјава.

-Република Македонија е единствена земја која не е членка на ЕУ, а успешно се спроведува Гаранција за млади, за што особено е значајна поддршката на МОТ. Гаранција за млади ќе продолжи со имплементација во земјата, истакнува МТСП.

Министерката Тренчевска се осврна и на активација на корисниците на Гарантирана минимална помош на пазарот на труд.

-Во земјава има околу 36000 корисници на ГМП, со активирање на работоспособните членови во семејството, се овозможува приход од плата во семејството наместо социјална помош , а истовремено го намалуваме недостигот на работна сила во државата, рече Тренчевска.

Од страна на директорот на МОТ, Маркус Пилграм беше изразена и понатамошна поддршка на земјава на политики, програми и проекти од областа на трудот, со кои се влијае на  економските и социјални прашања во земјата.

Министерката Тренчевска се заблагодари на досегашната поддршка од Меѓународната организација на трудот и ги потврди заложбите на Владата и Министерството за труд и социјална политика за унапредување на правата на работниците и социјалниот дијалог.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK