Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ Карбинци, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Ресен, Сарај, Чаир, Чучер Сандево

Под слоганот „Рамо до рамо, до победа“ СДСМ денеска беа на терен во Карбинци, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Ресен, Сарај, Чаир, Чучер Сандево Во општина Чаир беше заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, која со присутните разговараше за повеќе актуелни теми и прашања, а се осврна и на евроинтегративниот процес и неопходните реформи потребни тој да продолжи. -Граѓаните сакаат да …

Continue Reading

Ковачевски: Реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ

Со договорот од Преспа и сите следни чекори до денес, ние ја обновивме вербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка. Со тоа покажавме применлив и функционален пример за решавање на кризи што има посебно значење во денешниот геополитички контекст на случувања, за решавање слични предизвици пред кои што се исправени и регионот и Европа денес. Ова вечерва од …

Continue Reading

Ковачевски – Поуп: Северна Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во пресрет на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог 2023, се сретнал со Ејми Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (IOM). Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Ковачевски и го честитал изборот на Поуп, која треба да стапи на новата позиција од 1 октомври 2023 година, …

Continue Reading

Официјално отворање на „Преспа форумот за дијалог“ (во живо)

Официјално отворање „Преспа форумот за дијалог“ со обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, на претседателот на Собранието, Талат Џафери, специјалниот британски пратеник за Западниот Балкан, Стјуарт Пич и германскиот специјален претставник за земјите од Западниот Балкан, Мануел Сарацин на тема „Преспанскиот договор по пет години: Предизвиците претворени во можност“. https://www.youtube.com/watch?v=YBTbA6lxQRY

Continue Reading

Петровска во Брисел на средби со германскиот министер за одбрана Писториус и канадската министерка Ананд

Во рамки на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, во седиштето на НАТО во Брисел министерката за одбрана Славјанка Петровска имала и две засебни билатерални средби со федералниот министер за одбрана на Сојузна Република Германија Борис Писториус и министерката за национална одбрана на Канада, Анита Ананд. Како што денеска соопштија од Министерството за одбрана, на средбата со …

Continue Reading

Маричиќ: Извештајот на Европската комисија за првиот Кластер го очекуваме во јули

Повеќе од месец се работеше на подготвителни активности за почеток на Патоказите и веќе се во фаза на изработка, за што е и формирана работна група во рамки на Владата, истакна на денешната прес-конференција од „Преспа форумот за дијалог“ во Струга, вицепремиер за задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој посочи дека оваа работна група треба да го направи првиот …

Continue Reading

Османи: Не сакаме да видиме алтернативни пристапи во членството во ЕУ, туку како да го забрзаме овој процес

Не сакаме да видиме алтернативни пристапи во членството во ЕУ, туку како да го забрзаме овој процес, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на панелот „Дали француско-германската иницијатива за реформа на ЕУ го враќа моторот на придвижувањето“, во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Струга. -Дваесет години поминаа од Самитот во Солун и тоа само …

Continue Reading

Алиу: Поткастот „Дигитална ера“ е дел од МИОА и ќе има четири сезони

Еден од начините како да комуницирате со општеството денес е форматот на поткаст. Креирањето на поткаст форматот за дигитална ера, што е дел од МИОА, ќе има четири сезони, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга. – Прво, е да се запознаеме со човечките ресурси во институцијата и таа неформална …

Continue Reading

Грковска: Борбата против корупцијата мора да се одвива континуирано и со целосна посветеност

Борбата против корупцијата е сочинета од повеќе битки на повеќе полиња, кои мора да се одвиваат континуирано. За жал овој процес е долг, радикални промени преку ноќ не се можни. Но, изминативе години имаме голем напредок во транспарентноста и имаме поефикасен пристап до информациите од јавен карактер, што го стеснува просторот за коруптивно делување, порача денеска вицепремиерката задолжена за политики …

Continue Reading