ДУИ: Да се истражи доделувањето на 16 милиони евра од општина Чаир, на две фирми со ист сопственик

Демократската унија за интеграција како што велат во нивното соопштение со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир. „Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО“ и “ЕнергоИнвест Трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова. Според информациите, општина …

Continue Reading

СДСМ: Антиевропската агенда на ДПМНЕ е антимакедонска

„Денеска кога имаме своја македонска држава, потврдена и признаена во Европа и светот со потврден и признаен македонски јазик во Европа и во светот – нашата современа битка е да не дозволиме лични, партиски или други агенди, туѓи цели, да ни го попречат европскиот пат“, соопшти СДСМ. „Денеска, патриотизам значи македонскиот дом да го прошириме во европскиот дом, за никој, …

Continue Reading

СДСМ: ММФ ги подобри проекциите, во тешки услови 2,5% раст на македонската економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 проценти за 2023 година, а проекциите за наредната година се дека стапката на раст ќе се искачи на 3,2 проценти, велат од СДСМ. Ова, како што додаваат, е уште една потврда за економските политики на владата предводена од СДСМ, со кои македонската економија во …

Continue Reading

Ковачевски: СДСМ ќе победи на претседателските избори и ќе ја формира идната европска влада

СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во Куманово. „Ќе успееме заедно. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе …

Continue Reading

Ковачевски: Да ја внесеме државата во ЕУ, едни до други и едни со други, да останеме обединети по патот напред

11-ти Oктомври бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја, вели премиерот Димитар Ковачевски, честитајќи го Денот на народното востание. „Благодарение на успехот во НОБ, постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Северна Македонија. Затоа 11-ти октомври 1941-та година, кога започнува македонското народноослободително антифашистичко востание, бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на …

Continue Reading

Меџити: После 20 години комплетно реновирани одделите за гинекологија и неонатологија во тетовската болница

Министерот за здравство, Фатмир Меџити вчера ја посети Клиничката болница во Тетово, каде се комплетно реновирани и опремени двата оддели за гинекологија и неонатологија, а комплетно е реновирана и опремена и една амбуланта. – Ова се значајни инвестиции со кои на пациентите им овозможуваме услови кои наликуваат на големите медицински центри низ Европа. После 20 години Клиничката болница во Тетово …

Continue Reading

Ахмети на средба со Хулман: Усвојувањето на уставните измени неопходна потреба, земјата нема друга алтернатива освен членство во големото европско семејство

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман. На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош на нашата земја. Ахмети ја информирал амбасадорката, Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување …

Continue Reading

СДСМ: Инфлацијата се намали на 6,6 отсто, мерките и политиките даваат резултат

„Мерките и политиките на СДСМ за намалување на трошоците на животот и опаѓање на инфлацијата даваат резултати. Инфлацијата во септември 2023, според официјалните податоци се намали на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период. Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци, откако стапката поттикната од војната во Украина, …

Continue Reading

Маричиќ: Со заеднички напори можеме да успееме и да добиеме полноправно членство во ЕУ до 2030

Скрининг извештајот е мошне важен поради тоа што служи како водич во подготовката на трите патокази за владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократски институции, како и Акцискиот план за малцинствата, истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ, на денешната јавна расправа при комисијата за европски прашања. Тоа, рече Маричиќ, ни овозможува до крајот на годината, уште за време …

Continue Reading