Ништо не е сменето во ДПМНЕ, фатени во нова лага, немаат потписи за Силјановска, велат од СДСМ

1692773299_sdsm-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Ништо не е сменето во ДПМНЕ, тоа е партија која функционира со ширење лаги и невистини. Фатени се во нова лага за потписите на Силјановска“, велат од СДСМ.

„Откако не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ. А, ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, дека биле собрани повеќе од потребните. Но, се покажа дека немаат потписи за Силјановска, дека не биле собрани“, дополнуваат од СДСМ.

Според нив, ДПМНЕ, повторно ги излажал граѓаните.

„Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро“, завршуваат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK