Пендаровски: Тие ја сакаат Македонија само кога се на власт, ние ја сакаме и кога сме и кога не сме, бидејќи таа ни е единствената мајка

Во рамки на изборниот караван, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на село Белчишта, општина Дебрца и со граѓаните на општина Вевчани. Говорејќи за начинот на владеење на опозицијата кога беше на власт, Пендаровски во село Белчишта истакна дека во нивно време имаше две групи на граѓани, односно нивни и наши, симпатизери на ВМРО и останати. …

Continue Reading

Ковачевски: Просечна плата од 1100 евра и просечна пензија од 500 евра во новиот мандат на СДСМ, нема откажување од попросперитетна иднина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со граѓаните од општина Центар каде имаше прилика да поразговара со нив за многу важни прашања како што се животниот стандард, платите, пензиите, инфлацијата како и за досега сработеното од владите на СДСМ на овие теми, но и плановите за следниот мандат. На средбите со жителите на општина Центар, …

Continue Reading

Османи: Неопходно е да се бориме против руското влијание и корупцијата преку сертифицирање на носителите на јавни функции

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи денеска на прес-конференција презентираше една од најважните заложби на Дакалогoт, „Меѓународен борд за сертифицирање на сите носители на јавни функции“. Османи информира дека еден од најважните приоритети на европскиот претседател ќе биде формирање на меѓународен борд составен од претставници од Соединетите Американски Држави, Европската Унија, НАТО и во координација со институциите во …

Continue Reading

Мицкоски ја води кампањата на Силјановска, без план за иднината и без понуда пред граѓаните

Мицкоски ја води кампањата на Силјановска и таа е целосно маргинализирана, велат во соопштение од СДСМ. – Зборуваат дека ја ценат како почитувана професорка, а Гордана нема програма, нема понуда пред граѓаните а нема ниту кампања. Мицкоски и ја води кампањата, со обвинувања, без план за иднината и без понуда пред граѓаните. Ова е уште една потврда дека Силјановска е …

Continue Reading

Пендаровски од Кичево: Со ваша поддршка сме дојдени на важни функции за да помогнеме народот да живее полесно, а не децата да ни бегаат надвор од државата

Улогата на претседателот е да ги сплотува луѓето, а не да ги дели, ако ми ја дадете довербата и за вториот мандат ќе продолжам по истиот пат да ве почитувам сите и сечиј потенцијал, талент, знаење, и искуство да го користам за доброто на Македонија. порача синоќа од Кичево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Пендаровски посочи дека иако изминатите пет …

Continue Reading

Пендаровски во Македонски Брод: Гласајте за претседател кој нема да ве дели на ваши и наши, вие сте сите мои

Третиот ден од кампањата кандидатот за претседател Стево Пендаровски го започна со средба со граѓаните на Македонски Брод. Пред присутните Пендаровски се заблагодари за поддршката што тој ја добива не само денес, туку и во изминатите 10 години. Потсети дека во првиот мандат бил претседател на сите граѓани без притоа никого да не привилегира. „Без разлика дали некој доаѓал од …

Continue Reading

Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари просечна и 20.000 денари минимална пензија во новиот мандат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска со пензионерите од општина Карпош, разговараше за досегашните и идните мерки од програмата на СДСМ за пензионерите, како и за предлозите и прашањата што се од нивен интерес. На средбата,Ковачевски посочи дека во зиминатите 7 години, СДСМ во комуникација со Сојузот на здруженија на пензионери креираше повеќе мерки за секој пензионер …

Continue Reading

Пендаровски го демантира Стоилковски: За клеветите ќе следува тужба

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење. Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности …

Continue Reading

Османи: Квоти и младите да бидат на листите за пратеници

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи, денеска имаше разговор со младите од Тетово на тема: „Задржување на младите во државата“. Османи ја сподели визијата за иднината, нагласувајќи го зајакнувањето на младинските политики кон перспективите и напредокот. „Младите со поинакво разбирање за технолошкиот развој на светот, да бидат дел од дизајнот и архитектите на државните политики за иднината на …

Continue Reading