Зголемувањето на пензиите ќе се разгледува утре на владина седница
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите. Со овој проект, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година. Ваквото изборно ветување кое доби своја …
Continue Reading
Стојаноски за одлуката на Регулаторна: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите инструменти за да нема ценовни шокови за граѓаните
Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ја поздравуваат одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за минималното незначително покачување на цената на електричната енергија. Мораме да нагласиме, вели Стојаноски дека оваа одлука доаѓа откога се создадоа услови, по усвојувањето на предлог-законот за енергетика поднесен од тогашниот пратеник, сегашен Премиер, Христијан Мицкоски и од пратеничката група на ВМРО …
Continue Reading
Ѓорѓиевски-Перински: во фокусот актуелните состојби и потребите кои ги имаат општините
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со новиот министер за локална самоуправа Златко Перински. Како челник на здружението кои ги застапува сите единици на локалната самоуправа тој со новиот министер дискутираше за актуелните состојби и потребите кои ги имаат општините, фокусирајќи се на предизвиците со кои се соочуваат. Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше министерот дека во последниве неколку седмици …
Continue Reading
Муцунски – Агелер: земјата посветено ќе продолжи да работи на спроведувањето на неопходните реформи за полноправно членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Во рамки на средбата, Муцунски ги потенцираше програмските активности на владата во делот на надворешната политика и надворешната трговија и определбата на владата за брзо дејствување во насока на спроведување на неопходните реформи, потребни за забрзување на интегративниот процес. …
Continue Reading
Меџити на средба со Агелер: Испораката на правдата мора да биде неселективна
Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик на Претседателот на Владата и на Република Северна Македонија, Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на САД во нашата држава Ангела Агелер. На средбата Меџити ги истакна клучните приоритети и стратешки определби на новата Влада и упати уверување до амбасадорката Агелер дека како владеачко мнозинство, Владата останува и понатаму максимално …
Continue Reading
Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир. На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграцијата во Европската унија. Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека …
Continue Reading
Трипуновски: Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за изнаоѓање на решение за откупната цена
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица. На средбата се разговараше за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури. – На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите и со откупувачите …
Continue Reading
Фетаи: ДУИ донесе само лоши работи, се барало мито за добивање дозволи за фирми, при инспекции, при тендерски постапки
Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која замина, вели вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи. Претставниците на оваа криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. …
Continue Reading
Здравковски: СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги што не ги изградиле
СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги кои не само што не ги изградиле, туку не направиле поместување од тоа што го затекнале, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски. Тој рече дека загрижува фактот што Извештајот на Државниот завод за ревизија, наведува дека кај најголем дел од инфраструктурните проекти не само што …
Continue Reading