Сите Македонци ќе ги искинат бугарските пасоши на првиот ден кога ќе бидеме дел од ЕУ, рече Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашањето дали ќе побара сите македонски државјани кои имаат бугарски пасоши да се откажат од нив, рече дека тој не може да се меша во индивидуалните одлуки на граѓаните. „Јас не можам да се мешам во одлуката на граѓанин да земе или не бугарски пасош. Јас имам информација дека од сите етнички заедници имаат земено …
Continue Reading
Таравари за албанската академија на науки: Не етнизираме, ќе имаме повеќе институции, рангирањето на нашите универзитети за жал е за никаде
Иако македонските партнери во владината коалиција сметаат дека е доволна Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), министерот за здравство Арбен Таравари, албанскиот партнер во владината коалиција, уверува дека нема несогласување меѓу коалиционерите откако ВРЕДИ поведе иницијатива за формирање албанска академија на науки и уметности. Таравари смета дека идеите што се за наука и за уметност секогаш се добри и …
Continue Reading
Мицкоски: Ќе се формира тело што ќе истражи како се делеле парите за време на ковид-кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид-поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми за време на ковид-кризата потенцирајќи дека народот мора да знае …
Continue Reading
Митева: Ограбена држава, „Лотарија“ на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа
Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека „Лотарија“ им доделила лиценци за игри на среќа. Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и …
Continue Reading
Јанушев: СДС има да одговара за сите криминали, во минатото Владата била користена како нивен штаб и чувале нивни промо материјали
-
новинар
-
July 28, 2024
-
Власт, Политика
-
0 Comments
„Сета оваа хајка против мене се прави се со една цел за да се дискредитира моето име. Зошто? Ради се она што овие 3-4 недели од кога сум на позицијата на која што сум, гледаме што се правеле од претходната власт“, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Јанушев го повика МВР …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да биде конструктивна опозиција, реши да служи на енергетската мафија во државата
„СДС наместо да биде конструктивна опозиција, таа реши да служи на енергетската мафија во државата. Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Методија Илиевски. „Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години …
Continue Reading
Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети
Јавното обвинителство да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата, изјави денес Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. „Ахмети свесно ја оштетил државата, ја ограбил. ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на СДС и ДУИ, и мора да почне да постапува согласно закон. …
Continue Reading
„Вреди“ најави финансирање на Албанска академија за наука и уметност во Македонија
Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа. „На почеток оваа академија ќе биде поддржана од општините. Во меѓувреме сè додека не …
Continue Reading
Гаши бара од институциите да откријат кој им се заканува на пратениците на ДУИ
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информира дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач и апелира надлежните институции да го истражат инцидентот. Вознемирен од овие пораки, како што информира собраниската прес-служба, претседателот Гаши веќе се обратил до колегите од ДУИ и до надлежните институции да го истражат инцидентот. „Претседателот на Собранието најостро осудува секаков облик …
Continue Reading