Мицкоски за инвестицијата на „Алказар Енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават час електрична енергија
Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Инвестиција на „Алказар Енерџи“ која беше прмовирана денес е во вредност над 500 милиони долари и ќе преставува 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ова е најголемата инвестицијата досега во …
Continue Reading
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со Генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската унија. Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамки на НАТО, со посебен фокус …
Continue Reading
Николоски: Уште првиот ден наидовме на пустош, но ветувам дека Кичево – Охрид ќе биде завршен до 2026-та година
-
новинар
-
June 24, 2024
-
Власт, Македонија, Политика
-
0 Comments
„Не сакам да давам рокови, ние во нашата програма напишавме до крајот на 2026-та година, што мислам дека е реален рок. Јас секако ќе направам се заедно со мојот тим и заедно со новиот директор на ЈП за државни патишта, бидејќи сметам дека постојниот нема капацитет да го води тоа претпријатие“, истакна Александар Николоски, министер за транспорт и потпретседател на …
Continue Reading
Муцунски се сретна со Вархеји: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во Луксембург. Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјава. „Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следи ќе преземеме низа …
Continue Reading
Муцунски од Луксембург: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешка инвестиција во мирот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на потпретседателот на Европската Комисија и високи претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борељ, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ со земјите партнери од Западен Балкан. Муцунски во обраќањето ја истакна посветеноста на новата влада за забрзување на темпото на …
Continue Reading
Тошковски: Ќе преземеме мерки за секој граѓанин да го извади својот документ достоинствено и во разумен рок
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје во зградата на МРТ и пунктот „Пролет“ со цел непосредно запознавање со фактичката состојба во делот на издавање на личните документи. „Многу ми е жал што морам да констатирам дека состојбата со издавањето на лични документи не е онаква каква …
Continue Reading
Примопредавање на функција помеѓу Маричиќ и Муртезани
Во просториите на Министерството за Европски прашања денеска е направено формално приморедавање на должноста, каде што новоназначениот Министер за Европски прашања, Орхан Муртезани, официјално ја превзеде функцијата од неговиот претходник, Бојан Маричиќ. Маричиќ, го информираше Муртезани за делокругот на работата на институцијата и му посака успех на Орхан Муртезани во понатамошниот пат кон европските интеграции на земјата. Новоименуваниот министер ја …
Continue Reading
Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд
Денеска во Министерството за економија, Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд. Добредојде во министерството и успех во извршувањето на функцијата му посака државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Новиот министер порача дека ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните за подобар и простоен живот и на отварање на нови работни места . Дурмиши на својот прв …
Continue Reading
Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден
Очекувам убави денови и тоа е нашата порака дека ќе градиме онаму каде што овие пред нас оставија неуспешни проекти и паметници на едно лошо корумпирано време, порача премиерот Христијан Мицкоски на првиот работен ден. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип, Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, …
Continue Reading