(Видео) Лефков: Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8

„Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени“, праша Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Филипче да …

Continue Reading

„Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда. Тоа води кон два заклучоци: 1. Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие …

Continue Reading

Николоски: Имаме добра соработка со Светска банка, нудиме многу проекти за граѓаните и модернизација на инфраструктурата

Урбан развој на општините и подобрување на локалната економија е еден од приоритетите на Владата, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Шаошинг Ју, директорка на Светска банка за Западен Блакан и Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово. Министерот Николоски потенцираше дека Владата преку Министерството за …

Continue Reading

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Турција, Н.Е. Фатих Улусој

Попладнево во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој и со одбранбеното аташе полковник Реџаи Јилмаз. На средбата од страна на соговорниците беше потенцирано дека билатералната одбранбена соработка е на високо ниво и дека нема сомнеж дека истата ќе продолжи со ист интензитет. Министерот Мисајловски нагласи дека Турција е наш значаен …

Continue Reading

Средбa на министерот Мисајловски со амбасадорката на Ср Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Благодарност до амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер и одбранбеното аташе потполковник Ханс Петер Вамслер за одличната одбранбена соработка, особено во процесот на интегрирањето во НАТО упати министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба во Министерството за одбрана. На средбата министерот Мисајловски напомена дека буџетот останува на 2% од БДП согласно заклучоците. Во однос на Украина, Мисајловски …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Филипче да каже од кои пари е изградена милионската хациенда на Водно, и дали тие средства се поврзуваат со државни тендери

„Позади нас е хациендата на семјеството на Венко Филипче на Водно. Од овде се гледа цело Скопје, а да се изгради овој објект на оваа локација потребни се 1 милион евра. Овој објект е граден во ек на министерувањето на Филипче, кога тој управуваше со милиони евра во здравството“, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК …

Continue Reading

Андоновски: Ако сакаме успех – институциите мораат да комуницираат меѓусебе

Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски имаше воведно обраќање на третата сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), на Работната група 6 – Антикорупција, на тема „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“. На настанот, покрај Андоновски, со воведни говори се обратија и националниот координатор на НКЕУ-МК, Милева Ѓуровска, и Александар …

Continue Reading

Oбјавени имињата на предлозите за заменици министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 …

Continue Reading

Влен: Кражбата е синоним за ДУИ, нивното 20 годишно владеење ги остави граѓаните без зрно надеж

На владината седница на која на дневен ред беше ребалансот на буџетот, на која меѓу другото беа обезбедени 100 милиони евра за општините и покачувањето на пензиите за 2.500 денари веднаш и уште 2.500 следната година, коалицијата Влен ја докажува својата посветеност на граѓаните, велат од оваа коалиција. Коалицијата утврдила дека претходната влада предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими …

Continue Reading