Муцунски му се заблагодари на турскиот министер за надворешни работи за укажаната помош за справувањето со пожарите во земјава
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан. Во разговорот министерот Муцунски се заблагодари за укажаната помош за справување со пожарите во земјава, што претставува дополнителна потврда за солидарноста и долгогодишното пријателство меѓу двете земји. Воедно, двете страни ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете, како …
Continue Reading
Министерот Таравари именуваше нови директори на неколку здравствени установи
Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во повеќе здравствени установи. – Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче – Институт за трансфузиона медицина–Скопје, Амир Елези – Општа болница Куманово, Стефан Трајановски – Општа болница Велес, Александар Бузалков – Психијатриска болница Демир Хисар, Стевче Цветановски – Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Невена Маневска …
Continue Reading
Мисајловски-Тигањ: Хрватска останува поддржувач за нашата евроинтеграција
Споделуваме заеднички демократски вредности и принципи, владеење на правото, слобода, безбедност и како земји сојузнички активно придонесуваме во регионалните иницијативи со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, заклучија министерот Владо Мисајловски и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба во Министерството за одбрана, на која присуствуваше и одбранбеното аташе полковник Стјепан Домјанчиќ. Мисајловски упати благодарност за континуираната …
Continue Reading
(Видео)Лефков: Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија
Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија? Венко Филипче да не се крие и да одговори за поврзаноста со Ирина Пановска, директорка на Хематологија во негово време и нејзиниот татко сопственик на веледрогеријата Др. Пановски, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Филипче, вели Лефков, е тој што …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски од Лондон: Главен приоритет, добрососедските односи и наоѓање одржливо решение за проблемот со источниот сосед
„Денеска се одржува Самитот на Европската политичка заедница. На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков …
Continue Reading
Николоски: Исплатени платите за околу 4. 400 вработени во Железници и Пошти
Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти. „Ветив дека 4.400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти“, напиша Николоски. Повика на одговорност за претходните раководства …
Continue Reading
Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа – работиме на изградба на интерконектори
Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Лондон се осврна на енергетиката. „Енергетиката е денес важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина. Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. …
Continue Reading
„Од ДУИ плачат зошто е укината функцијата економски директор“: Таравари за реакциите на ДУИ
Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе. Сега ДУИ и замерува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува министерот за здравство Арбен Tаравари откако пратениците на Европскиот фронт на прес конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки …
Continue Reading
Саранда Имери: ВЛЕН со ребалансот на буџетот обезбедува 30 милиони евра за албанските општини
„Коалицијата ВЛЕН со ребаланс на буџетот во рамки на определбите на Владата определи финансиска програма од 6 милијарди денари од кои значителен дел ќе бидат инвестирани само во албанските општини. Од овој вкупен износ од 6 милијарди денари, 1/3 или 30 милиони евра ќе биде наменети за општините со мнозинско албанско население до крајот на 2024 година“, рече Саранда Имери, …
Continue Reading