(Видео) Стојаноски: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе средства за локален развој, подобра инфраструктура и почиста животна средина
Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина, истакна на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси …
Continue Reading
Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот рече дека додека СДСМ биле на власт водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а тие не презеле ништо и го повика обвинителството да …
Continue Reading
„Вреди“: 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово, носиме историски инвестиции
Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа, најавија од „Вреди“ Оваа инвестиција, како што велат, е уште еден доказ дека „Вреди“, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања. Според нив, овој повеќемилионски проект не …
Continue Reading
Ребалансот на Буџетот носи повеќе инвестиции и проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Ребалансот на Буџетот за 2026 година е доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и ги насочува средствата таму каде што носат најголем ефект. Наместо кратење на развојот како во времето на СДС и ДУИ, сега се инвестира во иднината, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат …
Continue Reading
Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција
Криминалниот ум криминално размислува. Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, напиша поранешниот министер за култура Зоран Љутков на социјалните мрежи откако пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска кажа дека партијата ќе бара повлекување на законот за Скопје 2028. „Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден …
Continue Reading
Мицкоски: Ние ќе направиме сѐ што зависи од нас, а Брисел нека суди дали заслужуваме да бидеме дел од ЕУ
Сѐ ќе направиме што зависи од нас поврзано со реформите, а Брисел и Европската комисија нека судат дали заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака во реформите, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда. „Денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за …
Continue Reading
(Видео) Мицевски: Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните
Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните. Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните, изјави Никола Мицевски, пратеник …
Continue Reading
Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери стотиците пријави за неквалитетна вода во Гостивар од 2021 година
Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, а не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар. „Обвинувањата ги адресира човекот на …
Continue Reading
Мицкоски: 16 проекти се реализираат во Делчево и покрај предизвиците, очекувам до крајот на мандатот да се одблокира и сметката
Шеснаесет проекти во моментов се реализираат во Делчево и покрај предизвиците, очекувам до крајот на мандатот да се одблокира и сметката, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика …
Continue Reading