50-60 магационирани „БТР“, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гасат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и одбрана, се прилагодуваат за гасење пожари на непристапен терен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава државата е драматично поподготвена за пожарите во однос на претходните години. Тој кажа дека пожари ќе се гасат како и досега со армиските и полициските хеликоптери како и со авионите на Дирекцијата за заштита и …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Индустриското производство во мај е зголемено за 9,4 проценти, споредбено со минатата година

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство во Македонија, изјави: „Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на компании слични на …

Continue Reading

Мицкоски: Се отвора новиот фармацевтски производствен блок во „Реплек“

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека се отвора новиот фармацевтски производствен блок во „Реплек“. „Денес, заедно сведочиме на уште една позитивна приказна за македонската економија. „Реплек“, еден од симболите на континуитет, квалитет и професионализам, во годината кога слави 80 години постоење, прави нов, визионерски чекор напред. Со новиот фармацевтски производствен блок, „Реплек“ не само што го модернизира и автоматизира својот производствен …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат линчот врз новинар. Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Овие закани по живот врз новинар, докажуваат, додава петрушевски, дека СДС нема што …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за градоначалник на Штип покажува колку СДС е безнадежна и нереформирана партија

Кандидатот за градоначалник на Штип покажува колку СДС е безнадежна и нереформирана партија, длабоко заробена од тандемот Заев-Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС за кандидат за градоначалник на Штип, излезе со потрчко од истата бизнис шема на Заеви и Венко Филипче, добро познатиот Павел Иванов. Павел Иванов е познат бизнис партнер и продолжена рака на Заев и Венко Филипче, а со …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Пуштени во употреба експресните Страцин – Крива Паланка, Градско – Фариш, започната изградба на автопатите од коридорите 8 и 10Д

„По наследениот пустош, се градат темелите во инфраструктурата, Македонија инфраструктурно се развива, модернизира и трансформира. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година покажа како со интензивна, посветена и чесна работа можат да се завршат и отпочнат големи инфраструктурни проекти, со цел внатрешно и меѓународно поврзување на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што владата на СДС и ДУИ не можеше да …

Continue Reading

Мемов: СДСМ се во паника по конгресот на ЗНАМ: тие не знаат поинаку освен да служат на ДУИ, на бегалецот Груби и на двоецот Заев-Филипче

СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакнува портпаролот на партијата Никола Мемов. Според него, прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст што се одржува во Скопје. Тој кажа дека Западен Балкан се приближува кон Европската Унија не со зборови, туку со дела, со реформи, …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Зад заканите по животот на новинар од Костадинов, стојат Филипче и Заев

Зад заканите по животот на новинар од Костадинов, стојат Филипче и Заев, затоа и нема осуда и оградување од СДС, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено, не сме изненадени што Венко Филипче молчи. Тоа што Костадинов зема сила и се заканува со убиство на новинар е и директно мотивирано од Венко Филипче, кој шири атмосфера на паника и хаос, …

Continue Reading