(Видео) Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни
Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени над 80 пакувања амфетамин, било третирано со воспитна мерка наместо со построга санкција, кажа денеска на прес конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да ја преземе одговорноста за очигледниот пропуст, судот продолжува да го брани …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС метастазирал и во Клиниката за дерматологија
Криминалот на СДС за време на седумгодишното владеење нема пора во општеството каде не се проширил, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Малигниот криминал на кадрите на СДС, метастазирал дури и во најсуштинските гранки на општественото делување, како што е здравството. Последната метастаза на криминалот на СДС е дијагностицирана во Клиниката за дерматологија. Кадрите кои СДС ги постави за раководство на клиниката наплаќало …
Continue Reading
Николоски: Во перидот што следи ќе ставиме во функција уште најмалку 10 километри експресни патишта и 40 километри автопат
Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме економски бенефит за државата и регионот, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што денеска се одржа во Скопје. На Собранието, тој ја презентираше владината програма за развој на инфраструктуртата …
Continue Reading
И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следат драконски казни за непочитување на законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики и да не ја злоупотребуваат недоволната екипираност на некои институции кои не можат да направат контрола во одреден момент. Кога ќе им биде направена контролата, доколку се утврди непочитување на законите, Димитриеска-Кочоска вели дека ќе следат драконски казни. „Можеби во …
Continue Reading
Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност Стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари
Премиерот Христијан Мицкоски се оврати на одбележувањето на почетокот на работењето на Институтот за извоз. „Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да …
Continue Reading
Мицкоски: Ориентирани сме кон поддршка на директните вложувања на странските и македонските компании
Како Влада сме целосно ориентирани кон поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата за странските директни инвестиции оваа година. „Од бројките којшто јас ги имам на располагање, заклучно со ноември месец, имаме во 2024 година повеќе од една милијарда, мислам околу милијарда и четириесет …
Continue Reading
Јаневска: Концепцијата може да претрпи промена, задоволна сум што предизвика бурни дискусии и предлози
Можеби звучи контрадикторно, но јас сум многу задоволна што новата концепција предизвика такви бурни дискусии, разговори, предлози. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана од новинарите дали следниот предвиден чекор за концепцијата за гимназиско образование е пролонгирање, особено по реакциите од иститути и катедри од Филозофскиот факултет. „Секако дека може да се продолжи. Ние мошне сериозно …
Continue Reading
Попов: Заедно со УМС ќе се придружиме на протестниот собир пред „Силбо“, да изразиме сочуство за Фросина и револт против системот што убива
„Без разлика на политичката определеност, граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем“, напиша на социјалните мрежи Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители што ќе си ја вршат својата работа и нема да дозволуваат …
Continue Reading
Муцунски на Европската конференција на Универзитетот Харвард
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на 11-та Европска конференција на Универзитетот Харвард, со наслов „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок“, што се одржува денес и утре во Бостон, САД. Во рамки на учеството, тој ќе се обрати на панел-дискусијата „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и …
Continue Reading