Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки …

Continue Reading

Филипче и СДС во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и СДС навистина треба да престанат да говорат за економската политика во државата, за да не се срамат. Тие во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време, како што нагласуваат од владејачката партија, пензиите се зголемуваа за 150 денари, граѓаните живееја со 150 денари на ден, земјоделците не добиваа субвенции, вработени не земаа …

Continue Reading

Мемов: Со кој морал и со кое право Герасимовски се фали со успешни проекти, наивноста и скромноста се само маска

Четири години општина Центар беше заложник на неспособноста, дволичноста и хипокризијата на Горан Герасимовски, кои се главни карактеристики на СДСМ во практикување на власта. Наместо ред – безредие. Наместо законитост – дивоградби. Наместо грижа за граѓаните, грижа за лични и партиски интереси. Дури и училиштата на нашите деца ги претвори во жртви на неговата неспособност“, истакна на прес-конференција портпаролот на …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог

СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција. Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително …

Continue Reading

Лукровски: На Карпош му е доста од бетонизација, ќе се формира ЈП ,,Карпош план“ со цел ревизија на сите урбанистички планови

На Карпош му е доста од бетонизација. Нашата општина, која со години важеше за пример на хумано и квалитетно живеење, денес е под притисок на непланска градба, урбанистички решенија кои ја гушат секоја населба, вели Сотир Лукровски,кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На Карпош, додава тој, му е доста од градби кои го одземаат зеленилото и создаваат …

Continue Reading

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника за во Бутел: За два месеци ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеци ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија денес градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и министерот за здравство Азир Алиу. Поликлиниката ќе се гради на местото на амбулантата до општинската зграда, која минатата власт ја смести во пластични контејнери. Градоначалникот Костовски денешната прес-конференција рече дека има историски …

Continue Reading

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025 кој се одржува во Скопје. Регионот, како што рече, покажува дека знае да работи …

Continue Reading

Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахитите на Халкидики

Нема поголемо задоволство од тоа да се биде меѓу народот, кого не си го разочарал. А јас меѓу вас одам со крената глава, затоа што, заедно со вас, ги водевме и ги водиме сите битки за подобра иднина на нашата татковина. И еве нè повторно пред уште еден предизвик, пред уште едни избори на кои се одлучува за правецот по …

Continue Reading

Димитриевски: Мириса на убедлива победа уште во првиот круг

На градскиот плоштад во Куманово, вечерва Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, одржа конвенција на која ги промовираше кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и листата со 31 кандидат за членови на Советот на Општина Куманово. Лидерот на ЗНАМ најави убедлива победа уште на 19 октомври, во првиот круг на локалните избори. „Мириса на победа, и тоа убедлива победа уште во …

Continue Reading