ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг
Честитки за коалицијата СДС–ДУИ. Кузеска толку се грижи дали ДУИ ќе победи во Брвеница, а притоа СДС воопшто нема свој кандидат во вториот круг, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Па, откако СДС остана без свој кандидат, од каде толкава загриженост за изборниот резултат на ДУИ? Наместо СДС да се грижи за сопственото членство и да зборуваат за сопствената …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист?
„Синоним за Филипче е лага, малверзација и корупција“, рече денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Човекот едноставно не може, а да не излаже. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста
„Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДС бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДС молчат по дебаклот во Брвеница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од Филипче и СДС нема анкети, нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од …
Continue Reading
(Фото+видео) Радичевски очекува поголема поддршка во вториот круг, Мицкоски повика на единство
Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, очекува поголема поддршка во вториот круг од локалните избори и победа, а најави дека со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат повеќе проекти во општината. Радичевски денеска, заедно со Мицкоски, беше во теренска посета на населените места Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница. „Најнапред сакам да му се заблагодарам …
Continue Reading
(Видео) Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
Стефан Кирков од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Општина Центар да ги разјасни условите под кои се гради објект во скопската населба Буњаковец, посочувајќи на проблеми со паркирањето, зеленилото и движењето на пешаците. Кирков, кој се обрати од улицата „Костурски херои“, поранешна „29 Ноември“, изјави дека, според информациите со кои располага, за објектот не е предвиден соодветен паркинг-простор, …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да ги објави анкетите што, според партијата, ги најавил пред две недели, но досега не ги презентирал. „Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага …
Continue Reading
Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД и ја потврдува усогласеноста со ЕУ
Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во емисијата Надворешна-Светот во дијалог на МРТ дискутираше за меѓународните односи на државата и посочи дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот. „Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос …
Continue Reading
ВЛЕН: Растот на минималната плата од 67% ја покажува разликата меѓу двете владеења
ВЛЕН оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните, а податоците за минималната плата покажуваат зголемување на номиналните приходи на работниците во периодот 2024-2026 година. „Според податоците објавени од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, минималната нето-плата од 22.567 денари во 2024 година се зголемила на 24.379 денари во 2025 …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а …
Continue Reading