„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на трибината „Автопат Е-75: Инфраструктурата како основа за развој на транзитниот туризам“. Тој нагласи дека државата треба да размислува стратешки како да привлече инвеститори во изградба на хотели, особено во заштитените подрачја, каде што, …

Continue Reading

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Јадрото во СДС продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори, на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини. СДС е во тежок политички „нокдаун’’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче, изјави Валентон Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Информации кои од Бихачка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил …

Continue Reading

„Никој не сака да биде дел од компромитираната клика на Филипче, СДС е во целосен распад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика. Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, …

Continue Reading

СДС лаже, ИПАРД 3 го запре Владата потврди и делегацијата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За прв пат во историјата на државата, институциите преземаат мерки за корупција за кој главен осомничен е актуелен директор без притоа тие да постапуваат по претходен голем притисок на медиумите и јавноста, како што беше во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владатa, како што додаваат, го санкционира коруптивното поведение на актуелни функционери без затоа да има јавен скандал. „Во …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче

Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче. Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. На прашањето дали се блокирани средствата од ИПАРД, Мицкоски одговори дека тоа не е точно, туку напротив дека е поздравена позитивната акција од страна на луѓето од …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посетата на фабриката КОСТАЛ Македонија, истакна дека е задоволен што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио. „Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до …

Continue Reading

Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, борбата против корупцијата продолжува

Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која ја водиме во моментов и дополнителните проверки што ги спроведуваме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се силно пофалени од страна на Брисел, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој појасни …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Измина една недела од изборниот дебакл на Филипче и СДС, со којшто спаднаа на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје. Иако по историскиот пораз минатата недела, Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак се уште јавно ништо нема, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „До нас стигнаа …

Continue Reading