Почна укинувањето на Балансер, нека знае Мицкоски дека не се сите Албанци сервилни како ВЛЕН, велат од Алијанса за Албанците

Нелегитимната власт започна со имплементација на планот против правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници во државните институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го најави првиот чекор кон укинување на Балансер, враќање на процентот само на резидентни лица, со што застапеноста на Албанците повеќе нема да биде 30 отсто, туку се враќа чекор назад на …

Continue Reading

Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Сиљановска Давкова денеска ја разреши заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање. Претседателката, како …

Continue Reading

Николоски-Агелер: разговарано за реформските процеси и стратешките приоритети

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на владата и Министерството за транспорт. Николоски ја истакна огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција. Тој изрази уверување дека предвидените …

Continue Reading

Александар Јанев е нов директор на Бирото за јавна безбедност: Ред, закон, интегритет и безбедност без компромис

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на м-р Сашо Тасевски. На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите …

Continue Reading

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и одлука за укинување на Факултетот за здравствени науки во Струга. – Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата …

Continue Reading

Петровска: Нема да гласам на изборите во недела, поради бројни изборни нерегуларности тие веќе се нелегитимни

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска оддржа прес-конференција пред седиштето на партијата, на која кажа дека во недела таа нема да излезе да гласа и ги повика останатите противкандидати да го сторат истото. „Моето име ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите се веќе испечатени, но јас лично нема да излезам да гласам и се разбира дека …

Continue Reading

Левица: Таравари и Фатмир Меџити добија функции додека ДПМНЕ ги обвинуваше за куќите во Тафталиџе

Новата Влада само ги замени позициите на Министерот и директорите на јавните здравствени установи во државата, па така, наместо очекуваните нови лица во руинираниот здравствен систем, назначени се лица кои имаат огромен политички багаж и низа на скандали позади себе, велат од Левица. „Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Општина Гостивар, кој според ДКСК е соучесник во изградбата на повеќе дивоградби, …

Continue Reading

Мадиќ: СДСМ целосно е подготвен за фер и демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата

СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела. Централната изборна комисија во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите, вели Викторија …

Continue Reading

ДУИ: Моноетничката влада го укинува Охридскиот договор, ја намалува правичната застапеност од 29,5 на 25 отсто

Демократската унија за интеграција објави дека се длабоко загрижени за „одлуката на власта со моноетнички легитимитет да ја смени формулата за „балансер“ што ја одредува правичната застапеност на сите етнички заедници пред целосно да ја поништи“. „Игнорирајќи ги последните податоци од пописот кои покажуваат дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од населението, оваа влада одлучи да го врати процентот под 25 …

Continue Reading