Владата именува директори на повеќе институции

Владата вчера на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување на нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ Беадини, се именува за в.д. директор на Биро за процена, орган во состав на Министерството за правда. Седад Рушани се именува за в.д. директор на Биро за метрологија орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. …

Continue Reading

Левица: СДС и ДПМНЕ изгласаа ребаланс на буџетот на Град Скопје – културните установи оставени на цедило

Од Левица истакнуваат дека ребалансот на Буџетот на Град Скопје беше заеднички изгласан од навидум двете спротивставени политички партии СДС и ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Во меѓувреме, како што додаваат, амандманот за финансиска поддршка за функционирање на културните установи, што беше поднесен од советниците на Левица, не беше изгласан ниту од ДПМНЕ, ниту од СДС. „Граѓаните на Град …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциската комисија да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска

ДКСК да не чека и да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска, нека почне со прашањето зошто сметките за струја и вода се на татко и, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Во 2019 година, цели 10.000 евра изнесуваат неплатените сметки на таткото на Петровска за струја, ако таа не е нејзина, тогаш зошто не се обратила до ЕВН долгот …

Continue Reading

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите си ги блокираат проектите кои заедно со Арсовска ги ветуваа

Се случува тотален хаос со јавниот превоз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе ЈСП во катастрофална состојба, вели СДСМ преку соопштение. „Автобусите доцнат а често и воопшто ги нема, по топлото време граѓаните со часови губат време и не можат навреме да стигнат никаде. Во преполни автобуси луѓе колабираат, интервенира брзата помош, а возењето со распаднатите кинески автобуси е ризично и …

Continue Reading

Муцунски: Високо ја цениме подготвеноста на нашите пријатели од Австрија, Грција, Романија, Словенија и Хрватска за поддршка во справувањето со активните шумски пожари

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари одвоени телефонски разговори со министерот за европски и надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, министерката за надворешни работи на Романија, Луминита Одобеску, министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман. Во фокусот на разговорите беа активните …

Continue Reading

СДСМ: За хаосот во ЈСП виновни се единствено ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси. Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие. По принципот или ние или никој, велат од СДСМ. – ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со …

Continue Reading

Ние ја набавивме целата опрема и успешно се справувавме со пожарите седум години, велат од СДСМ

Неспоредливо е тоа што го направи СДСМ за подобрување на системот за гасење пожари со неправењето ништо од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари. Беше набавено ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. Во континуитет го одржувавме високото технолошко ниво, …

Continue Reading

Левица: Градоначалникот на Тетово, Касами, од коалициското трио ВЛЕН – ДПМНЕ – ЗНАМ промовира албано – косовско културно лето

„Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и исценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ. Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши“, велат од партијата Левица. „Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик. …

Continue Reading

Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во …

Continue Reading