Николоски: Исплатени платите за околу 4. 400 вработени во Железници и Пошти
Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти. „Ветив дека 4.400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти“, напиша Николоски. Повика на одговорност за претходните раководства …
Continue Reading
Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа – работиме на изградба на интерконектори
Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Лондон се осврна на енергетиката. „Енергетиката е денес важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина. Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. …
Continue Reading
Тошковски на средба со државниот секретар на федералната германска полиција Бернд Кесер: Голема поддршка за борбата со криминалот и за патот кон ЕУ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на БЈБ Александар Јанев и државниот секретар во МВР Сашо Петрушевски одржаа работна средба со делегација од Сојузна Република Германија, предводена од државниот секретар на Федералното министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија Бернд Кесер. Министерот Тошковски се заблагодари за огромната поддршка што Германија досега ја дава на нашата држава …
Continue Reading
Министерот Орхан Муртезани се сретна со американската амбасадорка, Ангела Агелер: Реформите и борбата против корупцијата се главни теми
Министерот за европски прашања, г. Орхан Муртезани, денеска во неговиот кабинет се сретна со нејзината екселенција, амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Северна Македонија, Ангела П. Агелер. На средбата се разговараше за важни прашања од билатералната соработка, борбата против корупцијата, како и за подготовката на Реформската агенда на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и тековните политички …
Continue Reading
„Од ДУИ плачат зошто е укината функцијата економски директор“: Таравари за реакциите на ДУИ
Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе. Сега ДУИ и замерува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува министерот за здравство Арбен Tаравари откако пратениците на Европскиот фронт на прес конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки …
Continue Reading
Левица: Две години од Францускиот предлог, остануваме единствени против бугаризацијата на Македонија
На 17 јули 2022 година, во вжештена атмосфера на народни протести, од страна на тогашната Влада предводена од пасокизираните квислинзи СДС и антимакедонските ДУИ, незаконски беше прифатен т.н. Француски предлог, со кој патот на Македонија кон Европската Унија беше официјално условен со бугаризација на македонската историја и држава. По Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор, со Францускиот предлог …
Continue Reading
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот, ниту пак се трошело душмански, ВМРО-ДПМНЕ манипулира со работниците
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат 500 милиони евра е лага со која партијата сака да го оправда финансискиот колапс кој следува. Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера, истакна дека драмата од ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен обид да се исплашат граѓаните, а доказот за тоа …
Continue Reading
ДУИ: Погрешна и штетна е одлуката на Владата против тунелот на Коридорот 8 на оската Гостивар – Букојќ
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го изразува своето длабоко разочарување за одлуката на актуелната Влада да ја укине претходната одлука за изградба на патната оска Гостивар-Букојчан, која е дел од Коридорот 8, преку изградбата на тунелот што го поврзува Гостивар со Кичево наместо изградба на висинскиот автопат. „Сакаме да нагласиме дека одлуката што ја изгласа претходната Влада предвидуваше проектирање и …
Continue Reading
Саранда Имери: ВЛЕН со ребалансот на буџетот обезбедува 30 милиони евра за албанските општини
„Коалицијата ВЛЕН со ребаланс на буџетот во рамки на определбите на Владата определи финансиска програма од 6 милијарди денари од кои значителен дел ќе бидат инвестирани само во албанските општини. Од овој вкупен износ од 6 милијарди денари, 1/3 или 30 милиони евра ќе биде наменети за општините со мнозинско албанско население до крајот на 2024 година“, рече Саранда Имери, …
Continue Reading