Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ. Сесијата посветена на проширувањето ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување …
Continue Reading
Седуммина починати за едно летo, западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а ИЈЗ го прекина неделното информирање за епидемијата, велат од Левица
На ДПМНЕ очигледно му е полесно да престане да ја објавува статистиката отколку да објасни зошто Македонија за едно лето стигна до седум починати од западнонилска треска, реагираат од Левица. Додека бројот на жртви продолжува да расте, додаваат од таму, 19 пациенти сè уште се хоспитализирани, а се појавуваат и нови случаи, последниот официјален неделен извештај на ИЈЗ и понатаму …
Continue Reading
СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг
Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации, велат од опозициската партија. „СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги. 1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат
Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, има историски заслуги за тоа што државата ја стекна својата независност по мирен пат, без војна, жртви и разорувања, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свеченоста по повод 35 години независност, во организација на СДСМ, „Македонија е сè што имаме“. Филипче истакна дека историската улога на Глигоров, особено во еден од најтешките …
Continue Reading
Истрагата со кредитот е внатрешна работа на Унгарија, Мицкоски вели дека не стравува дека ќе се одрази и на земјава
Истрагата со унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за истрагата и какви реперкусии би имала истата за нашата земја. „Претпоставувам институциите на таа земја ќе си ја завршат својата работа и ќе излезат со некакво соопштение поврзано со тој заем“, нагласи Мицкоски. Во однос на самиот кредит, тој изјави дека …
Continue Reading
„Македонија е сè што имаме“ – СДСМ вечерва ќе прославува 35 години независност
Вечерва, 03.09.2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Филхармонијата, под слоганот „Македонија е сè што имаме“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира свечен настан по повод 35 години од независноста. На свечениот настан свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во рамки на настанот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Глигоров од …
Continue Reading
Мојсоска: ДПМНЕ ќе менува Закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на денешната седница во Собранието остро реагираше на предложеното бришење на посебните услови за именување директор на Фондот за здравствено осигурување, посочувајќи дека ДПМНЕ наместо да избере кадар кој ги исполнува законските критериуми, ги менува самите критериуми за да му овозможи на својот партиски кадар Перински да биде именуван за директор на институција која располага …
Continue Reading
Филипче: САД знаат дека кинески пари влегувале во Македонија
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцираше дека Соединетите Американски Држави, нашите клучни стратешки партнери, веќе знаат дека во земјата во изминатите две години влегувале кинески пари, укажувајќи на заемот од Унгарија, но и преку најавите за нови проекти во општините на Стоилковиќ. „Заемот којшто е сега предмет на истрага, заемот поради којшто сега цела Европа и цел свет знае дека …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Мицкоски ја носи Македонија до рекордни 12 милијарди евра долг
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција во Собрание изјави дека Владата на Христијан Мицкоски со новото задолжување ја носи државата кон рекордно ниво на јавен долг од речиси 12 милијарди евра. „Колку треба да биде очаен човек да каже дека расте бруто домашниот производ, а при тоа, секојдневно, брутално и сè повеќе ја задолжува земјата? Затоа што, …
Continue Reading