Истрагата со кредитот е внатрешна работа на Унгарија, Мицкоски вели дека не стравува дека ќе се одрази и на земјава


screenshot-2026-09-03-171227.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Истрагата со унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за истрагата и какви реперкусии би имала истата за нашата земја.


„Претпоставувам институциите на таа земја ќе си ја завршат својата работа и ќе излезат со некакво соопштение поврзано со тој заем“, нагласи Мицкоски.

Во однос на самиот кредит, тој изјави дека тој е дел од стратешкото партнерство меѓу двете држави, дека е потврден од владите и парламентите во Скопје и Будимпешта и оти средствата се потрошени на транспарентен начин.

„Дали стравувам? Апсолутно не стравувам затоа што сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство, потврдено од двата парламенти, од двете влади. Средствата се на транспарентен начин потрошени и моја благодарност до Унгарија што како наш стратешки партнер во времето кога се боревме да ја извадиме државата од банкрот поради долговите коишто ги наследивме од бандитската влада на СДСМ и ДУИ, тие беа први коишто ни излегоа во пресрет“, изјави Мицкоски.

Прашан за коментар на изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар дека Унгарија нема да поддржи забрзан процес на пристапување за ниту една земја кандидатка во Европската Унија, тој кажа оти е убеден дека тоа што го кажал неговиот унгарски колега не се однесува на Западен Балкан, туку на други земји кандидатки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK