(Фото) Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија
Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија. …
Continue Reading
(Видео) „Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг“, кажа Цветаноски
„Додека народот едвај врзува крај со крај, додека цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови долгови, нови милијарди на грбот на народот. Па уште и ги лаже граѓаните, го фингира долгот заедно со Кочовска. Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше“, кажа Симона Цветаноски …
Continue Reading
(Видео) Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%
„Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: На прес на Влада почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа
„Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин. На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани“, вели Богданка …
Continue Reading
Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат, вели Димитриеска-Кочоска
Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира во пост на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст …
Continue Reading
„Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие“, прашува СДСМ
„Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош. Осум недели нема извештај за водата. Нема одговори. Нема одговорност. Осум недели институциите молчат“, велат од СДСМ. „Зошто не се објавува извештајот за водата? Што се крие од граѓаните? Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани …
Continue Reading
ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурност
„Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа“, велат од Влен. „Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата …
Continue Reading
„Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Веќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против. И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките“, велат …
Continue Reading
„Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата – се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати“, велат од СДСМ
„Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија. Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата“, велат од …
Continue Reading