„Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата – се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати“, велат од СДСМ


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија. Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата“, велат од СДСМ.


„Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски.

Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести. Не функцираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ.

Не фукционираат здравствените институции. Државата не менаџира со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици.Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK