Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ, на која од страна на министерот Мисајловски беше истакнато дека од особен интерес е приклучување на останатите земји од регионот во НАТО и ЕУ. На средбата се разговараше за планот за билатерална соработка за оваа година кој опфаќа реализација на вкупно …

Continue Reading

„Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба, немање обезбедување претставува прекршок за санкција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска. „Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши? Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто …

Continue Reading

„Одењето по невеста е причина повеќе ДПМНЕ да ја изгласа интерпелацијата за Гаши“, велат од партијата Левица

„Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин“, велат од партијата Левица. Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната …

Continue Reading

Министерот Тошковски е позитивен на Ковид-19

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку социјалните мрежи извести дека е позитивен на тестот за Ковид-19. „Утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни“, напиша Тошковски. Тој додаде дека оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршува во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите.

Continue Reading

Пациентката која починала вчера имала акутна леукемија, Таравари тврди дека нема докторска грешка

Починатата пациентка имала акутна леукемија и била инфицирана со ковид-19, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, кој тврди дека докторска грешка не е причина за смртта, а пациентката била лекувана на Клиниката за Хематологија со сите протоколи. Се работи за жена на 48 годшина возраст. „Информиран сум дека за пациентката е консултиран и анестезиолог и инфектолог, нема лекарска грешка, даден …

Continue Reading

Перински: Новата Противпожарна станица за Врапчиште и Боговиње ќе гарантира безбедност на месното население

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Врапчиште и новоизградениот објект наменет за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње, како дел од проектот за „Прекугранична заштита од пожари – Fireshield“, финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, чии носители се двете македонски општини, албанската Општина Черик и НВО Каритас југ од …

Continue Reading

„Мицкоски повторно слеп за самоволието на Гаши, МВР да ги покаже налозите“, бара СДСМ

„Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не запираат и секој следен е поскандалозен од претходниот. Најновото своеволие на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврдува дека не само што немаат намера да престанат со прекршување на правилата, туку тоа ќе го прават без да се грижат што мисли јавноста и граѓаните“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „По објавите на медиумите, …

Continue Reading

Мицкоски денеска на средба со Данела Арсовска

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе се сретне со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информираше Владата. „Денеска 19.08.2024 година (понеделник) во 15:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе остварат средба со Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје во просториите на Владата“, се наведува во соопштението.

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ бара судијата Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека судијата Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. „Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да …

Continue Reading