ВМРО-ДПМНЕ: СДС од јадење мед не може да се опорави, ја уценуваа Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори
СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори. Затоа и на основањето на нејзината партија најсреќен беше Миле Зечевиќ кој седеше во првиот ред веројатно …
Continue Reading
СДСМ: Арсовска и Мицкоски да се договорат за медот, за на Скопје конечно да му тргне
Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје, велат од СДСМ. Се надеваат, како што велат, дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје. „Арсовска, Мицкоски и …
Continue Reading
Сега сме уште позагрижени, состојбата во градот е очајна, вели Перински по средбата со Арсовска
„Уште позагрижени сме сега, отколку пред да почне состанокот. Нашите очекувања како Влада беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план или некакви реални потреби за кои ние како Влада ќе можеме да помогнеме за тоа да се реализира, од нивна страна не слушнавме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во градот, очајна е состојбата во јавните претпријатија, и …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ
Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот …
Continue Reading
Судот определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување, вели Тошковски
Имајќи предвид дека случајот со екстрадиционата постапка за Блерим Рамадани предизвика голем интерес кај јавноста, а денеска од страна на Кривичниот суд беше испратено соопштение во кое одговорноста за бегството на предметното лице се префрла на Министерството за внатрешни работи, сакам да потенцирам неколку факти кои јасно укажуваат каква е вистинската фактичка состојба, истакнува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. …
Continue Reading
„Вреди“: Иџет Мемети и Наќе Георгиев се персонификација на октоподот на криминалот и корупцијата во судството
ДУИ и нејзините сателити веќе една недела молчат за случајот со Иџет Мемети и Наќе Георгиев, нивни кадри кои се фатени на дело со корупција и соработка, велат од партијата „Вреди“. „Овој случај јасно покажува како функционира октоподот на криминалот и корупцијата во оваа држава. Прво се негираат обвинувањата, а потоа, кога не можат да ги сокријат доказите, тука е …
Continue Reading
Николоски: Ќе направиме се во текот на првиот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ градот Кавадарци да има обиколница
„Денес разговараме за еден голем капитален проект кој треба да го забрза развојот не само на Општина Кавадарци туку на целиот Тиквешки регион. Се работи за изградба на обиколница на градот Кавадарци и треба да помогне во подобрување на условите за бизнис, комуникацијата во растеретување на сообраќајот кој се случува во моментот низ самиот град а во перспектива да отвори …
Continue Reading
Се чека да заврши експропријацијата, па пред Нова Година „Бехтел и Енка“ да влезат на терен, рече Коце Трајановски
Неопходно е да се заврши потребната експропријација и дислокација на електричните и телекомуникациски водови, а потоа, пред Нова Година „Бехтел и Енка“ да влезат на терен со активности за изградба на коридорите 8 и 10. Ова го истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. Одговарајќи на новинарски прашања во Кавадарци, Трајановски рече дека претходната влада, во …
Continue Reading
Николоски: На мобилните оператори не им одговара конкуренција, се случува дуопол и цените растат
Во наредниот период ќе се донесе стратешка одлука дали ќе се воведе трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на постојните два оператори. Ова го истакна министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за писмото со намери што до Владата го достави групацијата од Унгарија, „4iG“. Николоски рече дека во моментов се …
Continue Reading