Од улици и водоводи до училишта и спортски центри: Нов инвестициски циклус во општините
Инвестициите во општините влегуваат во нова фаза во која фокусот не е само на изградба и реконструкција на улици, туку на создавање целосно пофункционална локална инфраструктура и подобри услови за живот. Податоците од Прилеп, Бутел и Аеродром покажуваат широк инвестициски циклус што опфаќа патна и водоводна инфраструктура, училишта и градинки, спортски и културни објекти, животна средина, јавни простори и дигитални …
Continue Reading
Мојсоска: Агенција за храна и ветеринарство три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко, директорот Миланов се занимава со AI-фотографии како му ја бакнуваат раката
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагира дека Агенцијата за храна и ветеринарство и нејзиниот директор Оливер Миланов веќе цели три месеци официјално не ги објавуваат млекарите кои продавале канцерогено млеко. Како што посочува Мојсоска, станува збор за млекари кои продавале канцерогено млеко, а кои биле „казнети“ со, како што наведува, смешни казни. И покрај тоа што поминале три месеци, имињата …
Continue Reading
Николоски: Градежништвото има историски највисок раст од 22 %, сигнал дека капиталните проекти се работат со засилена динамика
Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22 % што покажува дека капиталните проекти се работат со силна динамика. Со тоа покажуваме дека градежништвото станува основен двигател на економијата, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Се работи за исклучително висок раст, којшто не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште …
Continue Reading
(Видео) Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае
Кога СДС зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу важен факт. Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, истакна на прес-конференција Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Долговите што денес и во следните години треба да ги враќа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според неа, …
Continue Reading
Кузеска: Не е доволна истрага само за возачот, да се испита и улогата на Јанушев
СДСМ бара истрагата за возачот на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, кој бил фатен со обележани евра во случај со наводно барање поткуп за вработување пожарникар, да се прошири и на улогата на Јанушев. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција праша каква била улогата на Јанушев во случајот. „Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата …
Continue Reading
СДСМ: Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар
СДСМ ја обвини власта за задоцнета реакција, институционален хаос и неодговорност во справувањето со западнонилската треска и со здравствената криза во Гостивар. „Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност“, соопшти СДСМ. Од …
Continue Reading
Левица: Скап квадрат за граѓаните, багатела за крупниот капитал: 23.000 м² во Аеродром за 46 евра по квадрат
Додека граѓаните на Аеродром и Скопје плаќаат и по 2.500 евра за квадратен метар станбен простор, крупниот капитал продолжува да добива привилегии од институциите. Компанијата „Адора“ на Чифлиганец добива повеќе од 23.000 квадратни метри атрактивно земјиште во Општина Аеродром по цена од околу 46 евра за квадратен метар, односно за вкупна сума од нешто над 66 милиони денари или околу …
Continue Reading
СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири
Скандалот со митото на возачот на Јанушев во Владата на Мицкоски не може да се заташка и истрагата мора да се прошири. Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?, велат од СДСМ утрово преку соопштение. „Возачот на Јанушев бил фатен со претходно обележани банкноти затоа што наводно барал 1.500 евра за …
Continue Reading
Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан со мито за посредување при вработување, и ги отфрли обвинувањата на СДСМ. Јанушев оцени дека е „крајно несериозно и политички бедно“ тоа што опозициската партија, како што вели, се обидува од конкретниот случај да произведе политичка конструкција. „Во однос на …
Continue Reading