Работна средба на министерот за внатрешни работи Тошковски со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан. На средбата беше потврдена одличната соработка, а акцентот беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на УНДП се спроведуваат во МВР. Беа потенцирани придобивките од продолжување на заедничката соработка во борбата против недозволено поседување, злоупотреба и нелегална трговија на мало …
Continue Reading
Перински во посета на Босилово и Ново Село: Подобрени се условите за настава во село Секирник, Смоларските водопади и Пирго бележат зголемен број на туристи
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги посети општините Босилово и Ново Село во кои се реализираат проекти за унапредување на југоисточниот дел од земјава, финансиски поддржани од Министерството преку Бирото за регионален развој. На подрачје на Општина Босилово, во село Секирник, се подобруваат условите за следење на настава во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, а во Ново …
Continue Reading
Стојановски до Арсовска: Еве бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник
„Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам“, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката Данела Арсовска. Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во …
Continue Reading
Николоски: Нема да толерираме криминал, одлучивме да ги повлечеме членовите од Комисијата за изградба на трета фаза за пругата кон Бугарија
„Во координиран настап со ЈП Железници инфраструктура, а по сознанијата изнесени во јавноста одлучивме да ги повлечеме членовите од Комисијата за евалуација предложени од Министерството за транспорт и Железница за јавниот повик за изградба и надзор на третата фаза пруга кон Бугарија“, потенцираше на денешната прес-конференција заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Министерот истакна дека постапката …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата водат политика на инает, одлучија да ги остават граѓаните на улица да чекаат стари автобуси по еден час, велат од Град Скопје
Денес ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека единствена политика која ја водат е политиката на инает со граѓаните на градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ ниту прифаќа предлози за набавка на автобуси, ниту пак предлагаат решение, истакнуваат од Град Скопје. Наместо предлог, како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција одлучија да ги остават граѓаните на улица да чекаат …
Continue Reading
(Видео) Шутаров: Проектот за БТР е одговорност на мнозинството во Советот од ВМРО ДПМНЕ
Кај Советот на град Скопје избран во 2021 година лежи одговорноста за јавниот превоз во однос на ново модерно еколошко трансформирање од сегашниот јавен превоз, нешто сосема ново што ќе одоговори и ќе ги задоволи потребите на граѓаните на градот Скопје, истакна советникот на СДСМ Гордан Шутаров на денешната седница на советот на Град Скопје. Шутаров, побара став од советничката …
Continue Reading
Немаме сомнежи дека нашите француски пријатели безрезервно ќе ѝ помогнат на нашата држава да стане дел од европското семејство: Сиљановска Давкова -Ле Риголер
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во тридецениската историја на дипломатски односи, со заеднички напори, двете држави изградија динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во …
Continue Reading
Јаневска потпиша нова четиригодишна програма за соработка во образованието и науката со Хрватска
Македонија и Хрватска ја продолжуваат и унапредуваат соработката во образованието и науката. Новата четиригодишна програма за соработка, што денеска ја потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс, ги прави националните образовни системи подостапни за граѓаните на двете земји. Во областа на основното и средното образование, учениците државјани на …
Continue Reading
Пленковиќ: Имаше премногу неправда кон Северна Македонија
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска му порача на премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски дека неговата земја доживеала премногу неправда на патот кон Европската унија и дека Хрватска ќе продолжи да се залага за забрзување на тој процес, пренесуваат хрватските медиуми. „Мислам дека од македонска страна се направени толку многу отстапки, што ретко кој народ и ретко која земја би …
Continue Reading