СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ за Филипче не им помагаат во обидот да ги скријат своите скандали, Филипче нема ни квадратен метар повеќе од претходно

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и дезинформации за претседателот Венко Филипче. Последната лага за наводно непријавени пет станови на Филипче е во серијата глупости кои може да влезат во рубриката „верувале или не“. Потребата по секоја цена да се измисли скандал без притоа да се проверат основните факти за тоа како функционира пријавувањето на имот, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не планира …

Continue Reading

Муцунски пред дипломатската академија во Унгарија: истакнати отстапките кои македонското општество ги има направено на патот кон ЕУ

Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање Муцунски се осврна на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ. Тој посебно ја истакна непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои …

Continue Reading

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“ – Мицкоски нема капацитет за лидерство, велат од СДСМ

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод Денот на независноста. Протоколарните пораки за обединување, за жал, немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци. Всушност, речиси сите 10 точки од наводната платформа се чиста спротивност на …

Continue Reading

(Видео) Митева: Зошто Филипче не ги пријавил петте стана во Скопје, уште кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години откако првпат стана функционер пријавува дека ги поседува, а со нив се стекнал пред воопшто да влезе во политика, истакна портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. „Загрижува молкот и од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на …

Continue Reading

СДСМ да се исчисти од сопствените криминали и реформира, па потоа да прифати единство за најважните прашања за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДС има потреба да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што премиерот Мицкоски го понуди како платформа на обединување. „Ова се принципите за обединување: 1. Правда и правна држава 2. Стоп за партизацијата на општеството 3. Крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кој се кријат лукративните …

Continue Reading

Антикорупциска и Јавното обвинителство да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува, а како пратеник годинава го пријавил, бара ВМРО-ДПМНЕ

Манипулациите се карактеристика за СДС. Кога ќе се види што Венко Филипче пријавувал како министер, а што како пратеник може да се види дека тој манипулира со голем имот. Или Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Последниот анкетен лист доставен до Антикорупциска откако стана пратеник покажуваат дека тој поседува имот во вредност од …

Continue Reading

Филипче за 8 Септември: Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции

Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност, наведува во постот на Фејсбук лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на …

Continue Reading

Мицкоски: Kако нација имаме две големи цели, да го победиме разочарувањето и да го сузбиеме криминалот

Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. На Свечената академија во организација на Владата, Мицкоски рече дека овој ден нѐ потсетува на нашето долго …

Continue Reading

СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски

Во рамки на официјалното одбележување на Денот на независноста – 8 септември, делегација на СДСМ составена од пратеникот Митко Трајчулески, претседателот на СДММ Трајче Стојчевски и Викторија Мадиќ денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното  почивалиште на Претседателот Борис Трајковски, на почивалиштето на првиот премиер Никола Кљусев …

Continue Reading