„Административците земаат К-15 заради СДСМ, на Мицкоски му стана бренд китењето со туѓи перја“, велат од Социјалдемократскиот сојуз
„На Христијан Мицкоски китењето со туѓи перја му стана единствен бренд, секој ден неговата Влада се фали само со проекти и политики на СДСМ“, велат од Социјалдемократскиот сојуз. „Вработените во јавната администрација земаат К-15 заради политиките на СДСМ. СДСМ го врати регресот за годишен одмор со новите колективни договори и покажа вистинска грижа за работниците. Тоа што Владата на Мицкоски …
Continue Reading
Николовски со демант: Празни обивнувања и театар од Трипуновски
Пратеникот и поранашен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, ги демантира наводите на Трипуновски. -Во нашата држава точно се знае кој каква улога има, вклучително и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, за која Трипуновски по не знам кој пат покажува дека е недостоен да ја држи. Го упатувам министерот прво да се запознае со постапките и надлежностите на органите …
Continue Reading
„Балансерот останува на сила, потона уште едно ветување на Мицкоски“, вели Кузеска
„Министерот за јавна администрација кој доаѓа од партијата ЗНАМ призна дека балансерот останува на сила. Иако пред само две недели сосема друго зборуваше. Со ова принзнание потона уште едно ветување на Христијан Мицкоски“, одговори портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на новинарско прашање. „Наместо укинување на балансерот како што ветуваше ДПМНЕ сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе …
Continue Reading
(Видео) Митева: Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот
ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. „Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен …
Continue Reading
(Видео) „Скандал, Тошковски удри по полицајците на Блаце за да го спаси Рамука“, вели Кузеска
„Денес објавуваме нов скандал поврзан со работењето на Панче Тошковски и МВР. Ова што денес ќе го слушне јавноста, е школски пример за партиско-полициска држава и злоупотреба на функцијата за политичка заштита на партиски назначен началник. Во овој случај, граѓаните ќе чујат како Тошковски врши притисок и казнува невини и чесни луѓе, вработени во МВР“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Молк од Филипче и по неколку дена од објавување на информациите дека криел имот, надлежните веднаш да реагираат
Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи. Филипче молчи 48 часа по објавување на фактите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер. Филпче, односно неговите анкетни листа од 2018 …
Continue Reading
СДСМ: Неисправните ер трактори и полициските хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ
Од СДСМ велат дека навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација е катастрофална. Два од трите ер-трактори, како што појаснуваат, не се исправни а во исто време и два полициски хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари се во дефект. СДСМ, додаваат од партијата, остро ја осудува оваа катастрофална ситуација …
Continue Reading
„Влен“: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри
Од „Влен“ со потсетување дека изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ. „Изминаа 15 дена откако прашуваме каде е Дрин Ахмети и дали е точно дека одамна е спроведен надвор од државата. Изминаа 3 дена откако објавивме дека претседателот на огранокот на …
Continue Reading
Перински во Белград: Позитивните практики од соседна Србија, се применливи и кај нас со цел подобрување на јавните услуги
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана и во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), учествува на дводневниот тематски дијалог „Од замисла до реалност: Спроведување инвестициски проекти“ кој од денеска се одржува во Белград. На дијалогот, се презентираат практики и методологии од различни земји со цел нивна примена и унапредување на идни инфраструктурни проекти, се разгледуваат …
Continue Reading