СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата: „Да се следи трагата на парите“

СДСМ бара да се отвори истрага за финансирањето на прославата за 35-годишнината од независноста и да се следи „трагата на парите“, тврдејќи дека Владата сè уште не ги објавила договорите, фактурите, исплатите и целосната листа на компании кои добиле или обезбедиле средства. Маја Борозан од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека станува збор за вкупно околу 5,5 милиони евра – …

Continue Reading

Левица: Над 300 милиони денари од Државна лотарија за прославата – „јавните пари не стануваат приватни“

Левица обвинува дека Владата се обидува да ја оправда одлуката повеќе од 300 милиони денари од Државна лотарија да бидат потрошени за прославата на 35-годишнината од независноста, претставувајќи ги средствата како пари на компанијата, а не како јавни средства. Од партијата велат дека ваквото објаснување е спротивно на наодите на Државниот завод за ревизија, кој во своите извештаи Државна лотарија …

Continue Reading

СДСМ со жесток напад врз Мицкоски: „Нема веќе улични банди, има партиска – ВМРО-ДПМНЕ контролира сè“

СДСМ утрово излезе со две остри реакции против премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, оспорувајќи ги неговите тврдења за растот на пензиите, економијата и борбата против криминалот. Опозициската партија притоа изнесе и серија тешки обвинувања за злоупотреба на државните институции и јавните пари. Првата реакција следува по изјавите на Мицкоски за економските резултати на Владата и неговото тврдење дека растот на …

Continue Reading

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на снимката од седницата на Советот, која во живо се пренесувала на јутјуб-каналот на општината. Герасимовски тврди дека прекинот во преносот бил последица на технички проблем, односно прекин на интернет-врската, а не обид за прикривање на дел од седницата. „Нема цензура …

Continue Reading

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, на кој учествувале членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министри и заменици-министри од редовите на партијата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази благодарност до Фондацијата „Конрад Аденауер“ за организацијата на настанот, нагласувајќи …

Continue Reading

Левица: ВМРО-ДПМНЕ мисли дека народот е идиот, да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари

Левица ја обвини Владата за нетранспарентност и недоследности во постапката за организација на прославата по повод јубилејот од независноста, оценувајќи дека дополнителните објаснувања околу настанот отвораат нови прашања. Од партијата посочуваат дека рокот за доставување понуди истекол на 8 мај во 12 часот, при што, според нив, била доставена само една понуда од околу сто страници. Само четири дена подоцна, …

Continue Reading

Од 340 на 560 милиони евра – Обвинителството да го истражи поскапувањето на пругата кон Бугарија, бара Велјановски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, побара Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за железничкиот Коридор 8, посочувајќи дека проценетата вредност на третата фаза, пругата Крива Паланка – граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра. Според Велјановски, ДЗР утврдил дека проценетата вредност на оваа делница се зголемила од 340 на 560 милиони евра. …

Continue Reading

Мицкоски најави нови случаи на корупција: „Ги повикувам граѓаните да пријавуваат“

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се следат уште неколку случаи на сомнежи за корупција во институциите и ги повика граѓаните да пријавуваат доколку од нив се бара мито. Прашан за случаите со побарано мито кои беа обелоденети во изминатиот период, Мицкоски рече дека веќе има пријави за уште неколку случаи. „Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме …

Continue Reading

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Движењето ЗНАМ го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за цензура при објавувањето на официјалната снимка од седницата на Советот, тврдејќи дека видеото прекинува токму во делот во кој нивната советничка Александра Цветановска зборува за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, слободата на изразување и наводните притисоци врз советниците. „Покрај бетонирањето на Центар, Горан Герасимовски сега ја бетонира и цензурата“, велат од …

Continue Reading